На луѓето не им се верува што јаде оваа жена?! И тоа со мерак

На социјалните мрежи последните дена се шири снимка од жена која го оценува квалитетот на сапуни така што ги јаде.

Нејзиното име е Косик, доаѓа од Индонезија, а дека сака да јаде сапун сфатила во текот на бременоста. Имено, за време на туширање малку сапун случајно ѝ паднал во уста, а вкусот многу ѝ се допаднал. После тоа почнала да јаде сапуни, а тоа трае веќе две години. 

На сите кои како неа сакаат да јадат сапуни открила дека вкусот е многу подобар кога го шмука со вода и создава многу пена. Признала дека првично се срамела од својата страст и ја криела од сопругот, но со текот на времето се опуштила.

Додала дека желбата за сапун малку се намалила откако се породила, но и понатаму смета дека е вкусен.

И она што е најважно, тврди дека постои огромна разлика помеѓу одредени брендови на сапуни.

Top