Откако се обиде да ме силува, Џексон ми рече да ги фрлам крвавите гаќи

Вејд Робсон, еден од протагонистите во документарецот „Leaving Neverland“ кој Мајкл Џексон го прикажува како педофил, раскажал дека кралот на поп музиката му наложил да се ослободи крвавата долна облека, откако се обидел анално да го силува.

Денес 36-годишниот Робсон тврди дека тоа се случило пред 22 години. Раскажал дека сексуалното злоставување започнало кога имал седум години и траело до неговара 14-та година.

Тврди дека после наводниот сексулен напад, личната секретарка на Џексон го однела во студио за танц во Лос АНџелес, каде Џексон вежбал за претстојната турнеја. Тогаш музичарот наводно му рекол да се ослободи од долната облека која има траги од крв на себе.

Робсон раскажал дека на гаќите нашол крв и дека го направил тоа што го побарал Џексон и ги фрлил во контејнер.

Документарецот „Leaving Neverland“ трае четири часа, а премиерно бил прикажан на Санденс филмскиот фестивал. Во средина на филмот, покрај Робсон се појавува 40-годишниот Џејмс Сејфчек, кој исто така го обвинува Џексон за сексулано злоставување за време на детството.

Top