Мајки снимаат порно филм кој ќе може да го гледаат и нивните тинејџери

Пет британски мајки се здружиле и режирале порно филм за кој велат дека ќе може да го гледаат и нивните деца, и тоа во склоп на новата емисија на “Channel 4”.

Шоуто “Mums Makes Porn” им овозможило на овие мајки, кои имаат деца тинејџери, да создадат сопствено секс видео откако, како што признале тие, останале ужаснати од хардкор порно филмовите кои се достапни онлајн. 

40-годишната Сара од Северен Велс останала во солзи откако гледала порно филмови на интернет кои биле базирани на силување.

“Доколку првпат би гледала такво видео поврзано со секс, би била трауматизирана. Додека го гледав тоа, во еден момент мислев дека ќе повратам”, вели Сара и додала:

 

“Мораме да им покажеме на децата дека постои нешто друго освен ова страшно с*ање кое го гледаме на интернет. Ако мојот син би третирал некоја жена на овој начин, би го претепала”.

Таа е одлучна во намерата да им покаже на помладите генерации некои нормални вредности кои денес се тотално искривени.

“Порнографијата не ги претставува нормалните жени, актерите и актерите им го трујат умот на нашите деца и тие мора да сфатат дека тоа не е нормално”, вели таа.

Сара Луиз од Манчестер повраќала откако погледнала некои експлицитни сцени, додека друга мајка била толку вознемирена и згрозена што ја напуштила емисијата.

 

За снимањето, тие ги добиле сите потребни алатки за изработка на филмот, а го создале заедно со експерти од порно индустријата. Но, мајките во целост ја имале контролата врз содржината – од пишување на сценариото до одбирање на актерите и уредување на филмот кој е потполно одобрен за гледање од страна на жените.

Нивната мисија била да се создаде филм кој не само што ќе биде порнографски туку ќе поттикне и здрав однос кон сексот и односите за следните генерации. Филмот ќе биде прикажан на крајот од емисијата во три дела, а истата започнува на 20-ти март.

Поврзана слика

Top