Ова е тајниот сојуз за кој светот не знаел! Постојат од Втора светска војна, а еве кој стои зад нив

Една од најтајните разузнавачки заедници на западните земји - "Пет очи", овие денови се почесто се споменува бидејќи објавила технолошка војна со кинеските компании.

Една по една, членките на оваа разузнавачка заедница сочинета од САД, Велика Британија, Канада, Австралија и нов Зеланд, забрануваат купување на опрема од компаниите "Huawei" и "ZTE" и користење на кинеската технологија 5G. 

Нападот на кинескиот телекомуникациски гигант "Huawei" всушност е координирана операција на разузнавачките служби на англосаксонските држави, кои вложуваат во единствена мрежа со име "Пет очи". Како што пишува австралискиот весник "Australian Financial Review", на годишниот состанок на високите раководители на разузнавчките служби на САД, Канада, Австралија, Велика Британија и Нов зеланд во Отава во јули минатата година било договоренo да се забрани пристап на "Huawei" на мобилните телефонски мрежи од петтата генерација - 5G.

Клучна личност на тој состанок бил директорката на CIA, Џина Хаспел, која го носи прекарот Крвавата Џина. Токму САД започнале напад на Кина. Тоа е всушност само сегмент од трговската војна која Вашингтон ја води против Пекинг.

Кратко после тоа почнала медиумска хајка на кинеската компанија. Паралелно со тоа, прво Австралија ја забранила инсталацијата 5G на "Huawei", а потоа таа одлука ја донел и Нов Зеланд. САД одамна и забраниле на таа компанија пристап на својот пазар. Најголем проблем во тоа има Велика Британија, бидејќи нејзиниот оператор "British Telecom" има потпишано стратешка соработка со компанијата "Huawei".

Алијансата "Пет очи" е постара од НАТО. Се почнало уште во времето за Втората светска војна, со создавањето на разузнавачкиот сојуз на САД и Велика Британија. Неколку години подоцна, со приклучувањето на Канада, Австралија и Нов Зеланд, клубот ги добил денешните контури и името "Пет очи".

 

Во текот на Студената војна бил сконцентриран на следење на СССР и неговите сојузници од Варшавскиот пакт. Попатно биле собирани и податоци за другите точки на вриење. На пример, Австралија и Нов Зеланд им помагале на САД за време на војната во Виетнам и операцијата во Персискиот залив. Последната голема операција на "Пет очи" се смета дека е рушењето на режимот на Муамер ел Гадафи во Либија.

Со децении јавноста не знаела за постоењето на тој шпионски клуб. Дури во 2003-та година организацијата била спомената прв пат, а дури 10 години подоцна Едвард Сноуден, по бегството во Русија, објавил низа документи од американската NSA, со што станала јасна димензијата на нивната работа. Тие држави денес, повикувајќи се на борбата против тероризмот, го шпионираат цел свет. Секако, Русија и Кина се главните цели на тоа здружение.

"Нивната соработка е многу тесна, под раководство на главниот координатор на САД, шефот на сите разузнавачки служби. Тие немаат седиште, но се собираат во Канада, Австралија, на Нов Зеланд. Главните очи, несомнено се САД, Канада и Австралија", објаснува за Sputnik ветеранот на надворешноразузнавачката служба на Русија, Лев Корољков.

Австралија, на пример, му помага на Вашингтон во шпионирање на азиските држава. Канада, на пример, е обвинета дека активно ја следи Јужна Америка. Според информациите кои ги објавил Сноуден, со помош на NSA, Канада го следела Министерството за енергетика и рударство на Бразил. NSA ја шпионирала и државната нафтена компанија на Бразил.

Тој додава дека клубот се проширил на уште две нивоа. Освен договорот на петте англосаксонски држави, постојат уште два договори на основа на кои се образовани Девет очи и Четиринаесет очи, кои не соработуваат тесно како "петорката".

 
Top