"Мајкл Џексон навистина беше педофил, куќата беше преполна со вазелин", нови детали открива неговата поранешна куќна помошничка

Поранешната куќна помошничка на Мајкл Џексон, 56 годишната Ејдриен Мекманус тврди дека покојниот крал на поп музиката навистина бил педофил и предатор. Мекманус за Џексон работела неколку години, а на новинарите им раскажала дека Џексон имал видео касети на кои има експлицитни снимки од него и децата.

"Мајкл Џексон беше предатор и педофил кој злоставуваше околу десетина деца, ги снимаше средбите со нив и видео снимките ги чуваше во тајна библиотека сокриена на ранчот Neverland", вели Мекманус за Дејли Меил. 

"Имаше многу вазелин на ранчот, премногу во спалната соба на Мајкл. Никогаш ништо не го испитував, бидејќи тој ми беше шеф и бев таму да си ја извршувам мојата работа. Во куќата постоеле бројни тематски простории во кои се дружеше со децата. Децата доаѓаа за викенд, сите заедно се капеа во џакузито. Тој ги допираше и бакнуваше, а тие се бореа за неговата наклонетост", тврди куќната помошничка.

"Во една прилика ме замоли низ куќата да ставам фотографии од голи бебиња како декорација", вели Мекманус која своето молчење сега го оправудва со тврдењето дека била манипулирана и се плашела од Џексон.

 
Top