Ова е Русинот кој станал шпион на ЦИА и открил најстрого чувани тајни

Русинот кој што станал шпион на најголемата американска разузнавачка агенција, е одговорен за најголемото протекување на тајни информации на советската воена авијација.

Адолф Толкачев, човекот кој што работел на руските технологии за радиолокација и ласерско наведување за воената авијација при Научно-истражувачкиот институт „Фазотрон“ во Москва, станал американски шпион познат по кодното име „Сфера“ и е одговорен за најголемото протекување на тајни информации за советската воена авијација.

Во 2015-та година, ЦИА објави преку 900 страници со детални описи од операцијата „Сфера“. Врз основа на тоа, писателот Дејвид Е. Хофман ја напиша книгата „Шпион од милијарда долари“ и ја освои Пулицеровата награда.

Откривањето на големиот број на информации од срана на Толкачев, на Американците им овозможило оптимизирање во борбата против тогаш современите советски авиони со кои што располагала ирачката армија на Садам Хусеин, а исто така информациите им дале предност и на Израелците во борбата против советските авиони на Палестина.

 

Благодарение на информациите кои што им ги открил Толкачев, Американците заштедиле на развојот на технолошките иновации, а од Министерството за одбрана на САД, признаа дека информациите им биле од корист дури и на почетокот на 90-тите години. Благодарение на тоа, американските ласерски и радиолокациски системи брзо напредувале.

Толкачев во април 1979-та година за прв пат им се обратил на ЦИА и им ги објаснил неговите мотиви. Тој рекол дека на такво размислување го натерал рускиот писател Аленсандар Солженјицин, познат по книгата „Архипелаг Гулаг“, како и Андреј Сахаров.

„Нешто започна одвнатре да ме гризе, нешто морав да сторам. Го избрав патот од кој што немаше враќање назад. Што се однесува до паричната награда, немаше да воспоставам контакт за никакви пари, на пример со кинеската амбасада. Што се однесува до Америка, можеби ме маѓепса и јас ја засакав. Ја немам видено вашата земја со свои очи. Немам доволно романтизам. Но, врз темел на некои факти, добив впечаток дека сакам да живеам во Америка. Тоа е една од главните причини поради кои ви ја предложив соработката. Наградата за мене не се само парите. Тоа е нешто повеќе – важноста на мојата работа“, објаснил Толкачев.

 

Првиот контакт со ЦИА

Меѓутоа, воспоставувањето на контактот со Американците не бил едноставен. Со оглед на тоа што живеел со својата сопруга и син на Кудринскиот плоштад, на само 400 метри од американската амбасада во Москва, тој често во вечерните часови шетал и ги разгледувал автомобилите со дипломатски регистрации.

Во јануари 1977-ма година година, Толкачев му пришол на човек на бензинска станица кај американската амбасада во Москва – тој човек бил агент на ЦИА. Толкачев му оставил под бришачите писмо на кое што пишувало дека сака да имаат разговор во тајност. Дури после две години упорно испраќање на пораки, Американците му поверувале.

При работата, Толкачев користел многубројни камери кои што ЦИА ги изработувала во зависност од неговите потреби. Новата опрема често ја криеле во телефонски говорници и слично. Кога на „Фазотрон“ во 1983-та година биле воведени нови безбедносни правила, а во Институтот била спроведена темелна истрага, Толкачев се посомневал дека КГБ нешто знае, па со себе носел отровна капсула за во случај да биде фатен.

 

Две години подоцна КГБ го уапсиле додека се враќал од село во Москва, а во 1996-та година бил погубен откако било утврдено дека работи како шпион за Американците.

Со оглед на тоа што во текот на годините тој направил добри планови, разделувајќи ја шпионската работа и семејството, неговото семјество успеало да ја избегне казната, па сега неговиот син Олег Толкачев е истакнат архитект.

Top