Забележал дека нешто ѕирка од снегот и веднаш го запрел возот: Ги земале лопатите и почнале да копаат

Жителите и туристите во Австрија не се единствени кои се соочуваат со проблеми од голмата количина на снег која ја затрупала оваа алпска држава, туку во голем проблем се и животните.

Австриските железници (OeBB) во средата објавиле снимка на која се гледа запрен воз и двајца службеници како спасуваат затрупана дива коза.

Машиновозачот го запрел возот во средишниот дел на Австрија, откако забележал дека сосема малку ѕиркаат рогови на дива коза. Возот се вратил назад до козата, па двајца службеници со лопатите внимателно го откопале животното.

Ослободената коза после длабоката затрупаност во снегот, се упатила назад во дивината.