Американка освоила 42 милиони долари, па од казиното ѝ соопштиле дека тоа е системска грешка

Катрина Букман е веројатно најразочараната личност на светот или барем беше кога од казино во Њујорк доби информација дека одлучиле да ја поништат нејзината добивка од 42 милиони долари, бидејќи сметаат дека дошло до системска грешка.

Катрина играла на машините во казино кога сијаличките се вклучиле и се огласила музиката, а на екранот се прикажа износ од 42.949.672,76 долари. Таа почнала да слави дури и се фотографирала со екранот, но управата на казиното ја разочара со изјава дека џекпотот е грешка и дека таа нема да ги добие парите. 

Во знак на извинување, казиното ѝ понуди вечера во нивниот ресторан или два долари кои ги потрошила за играта. Таа одлучи да не ги прифати тие понуди и случајот го изнесе на суд, барајќи да ѝ се исплатат 43 милиони. Исто така одлучила да го пријави казиното, бидејќи не ги одржуваат машините.

Ова не е прв пат казиното да биде на суд поради неисплатен џекпот. Имено, уште една Американка ги тужела, бидејќи не ѝ исплатиле 42 милиони долари кои ги добила на Hello Kitty машините. Судот тогаш застана на страната на казиното и пресуди во нивна корист, а сè уште не е јасно што точно ќе се случи во случајот на Катрина.

 

"Неправилности со машините постојано се случуваат, машината е програмирана да може да исплати максимално 6.500 долари, така што не е можно да добила 42 милиони", рекле од казиното.