Инцест, проституција и силување: Страшниот живот на најлошата жена убиец!

Ејлин Вурнос била погубена во октомври 2002 година откако убила седум мажи. За нејзиниот живот снимени се неколку документарци, а филмот "Monster" бил награден со Оскар во кој главната улога ја толкуваше Шарлиз Терон.

Мајката Дајен ја роди на само 15 години, а таткото никогаш не го запознала, бидејќи родителите ѝ се разведоа два месеци пред нејзиното раѓање. Мајката ги напуштила неа и нејзиниот една година постар брат Кит кога Ејлин имала само 4 години, а грижата за децата ја презеле нивните баба и дедо. 

Веќе на 11 години започнала да го продава своето тело за цигари и храна, а тврдела дека после смртта на нејзината баба, дедо ѝ сексуално ја злоставувал. На 14 години му роди дете на пријател на нејзиниот дедо кое веднаш го дала на посвојување. Кога имала 15 години, нејзиниот дедо ја исфрлил од дома и тогаш започнала да се занимава со проституција за да преживее.

Уште од рана возраст имаше проблеми со законот, добивала казни поради возење во алкохолизирана состојба, пукање и напади. Со стап го тепала својот прв сопруг со кој се венчала кога тој имал 69 години, па потоа тој побарал забрана за приближување. Поминала и една година во затвор поради вооружена кражба.

Во 1987 година ја запознала чистачката во хотел, Тајра Мур со која стапила во љубовна врска, која подоцна ѝ помогнувала во убиствата. Иако токму таа била сведок против неа за сите убиства, Ајлин остана заљубена во неа до смрт.

Во две години со пиштол убила дури седум мажи на возраст од 40 до 62 години, а на судењето тврдела дека сите се обиделе да ја силуваат. Нејзината прва жртва, Ричард Малори навистина бил осудуван силувач кој една година пред смртта излегол од затвор.

 

Полицијата ја уапсила во јануари 1991 година благодарејќи на отисоците од прсти кои биле пронајдени во автомобилот на една од жртвите. Ден подоцна била уапсена и нејзината љубовница која набрзо признала сè и во замена за имунитет сведочела против Ејлин.

Ејлин пет пати била осудена со смртна казна, а пред погубувањето во затвор поминала дури 10 години. Во 2001 година таа побарала да се побрза процесот за погубување.

 

"Ладно ги убивав и ограбував тие мажи. Би го направила тоа повторно. Полна сум со омраза. Доста ми е од тие приказни дека сум луда. Способна сум, присебна и се обидувам да Ви ја кажам вистината. Го мразам човечкиот живот и повторно би убивала да можам", напишала таа.

Погубена била на 9 октомври 2002 година како десеттата жена над која е извршена смртна казна во Флорида, откако повторно стапи на сила во 1976 година.