7 годишно дете заработи 22 милиони долари од видеа во кои ги оценува детските играчки!

7 годишно дете кое оценува детски играчки на Јутјуб во 2018 година заработи 22 милиони долари, што е најмногу од сите јутјубери, пренесува BBC.

Магазинот Форбс објави дека малиот Рајан со каналот "Ryan Toys Review" го надмина Џејк Пол за 500.000 долари. Видеата ги објавува секој ден, а она во кое го рекламира големото сино јајце има 1,7 милиони прегледи. 

На трето место е каналот "The Dude Perfect" со заработка од 20 милиони долари, пренесува Форбс.

Кога новинарот на ABC го запраша зошто децата ги сакаат неговите видеа, Рајан рекол:

"Бидејќи сум забавен и смешен".

Откако неговите родители му го отвориле каналот во 2015 година, видеата на Рајан се прегледани речиси 26 милиони пати, а го следат 17,3 милиони луѓе.

Од Форбс велат дека само еден од 22 милиони долари доаѓа од огласи кои се прикажуваат пред видеото, додека останатите пари се заработени од спонзорирани објави.

"Walmart" во август започна да продава ексклузивна линија на играчки и облека под името "Ryan's world", па тие приходи следната година би требало да ја зголемат заработувачката на 7 годишното дете.

 

Неговата сестра близначка исто така се појавува во некои од неговите видеа на вториот Јутјуб канал "Ryan's Family Review".

Даниел Мидлтон, играчот на видео играта "Minecraft", кој ја предводеше листата во 2017 година со 16,5 милиони долари сега падна на 4 место, додека Џејк Пол скокна од шестото на второто место, а неговиот брат Логан падна на 10 место на листата на Форбс со 14,5 милиони долари, што е инаку три милиони повеќе отколку во 2017.