Сите зборуваат за мистериозниот земјотрес кој ја потресе цела планета! Никој не ги почувствувал чудните бранови, а научниците сега ги откриваат причините

Необичните сеизмички бранови кои го обиколиле светот на 11 ноември, а кои никој не ги почувствувал, ги збуниле научниците.

Брановите, кои "National Geographic" ги објаснува како "мистериозна грмотевица" која минала преку светот, прво се појавиле кај францускиот остров Мајот, меѓу Африка и Северен Мадагаскар. 

Тие започнале верижна реакција и ги активирале сензорите во Замбија, Кенија и Етиопија, за потоа да се прошират на Чиле, Нов Зеланд, Канада, па се до Хаваите, речиси 18.000 километри подалеку, пишува National Geographic.

Земјотресите произведуваат сеизмички бранови, кои се движат или по површината на Земјата, или низ неа. Научниците и натаму расправаат за тоа што ги предизвикало на 11-ти ноември, а како можни причини се споменуваат нуклеарен тест, подморница или вулкан.

"Не сум видел ништо слично. Сепак, не мора да значи дека причината е чудна", вели Јеран Екстром, сеизмолог од Универзитетот Колумбија.

Островот Мајот од мај бил погоден од низа земјотреси, од кои повеќето биле слаби, но оној на осми мај бил најголем забележан некогаш на островот.

Меѓутоа, интензитетот на земјотресот бил во опаѓање кога се појавиле чудните прстени околу островот минатиот месец.

Екстром, инаку, експерт за необични земјотреси, вели дека има многу нејаснотии во врска со овој феномен. Планетата ѕвонела како ѕвонче, емитирајќи монотон сигнал на ниска фреквенција.

"National Geographic" пренесува дека француските геолози сметаат дека во водите на Мајот настанува нов вулкан. Тие мислат дека чудното ѕвонење можеби е предизвикано од движење на магна на 50 километри од брегот и длабоко под вода.

Екстром верува дека необично јасниот сигнал можеби бил предизвикан од магмата внатре во комората, или нејзиното потиснување преку пукнатините непосредно под површината на карпите.

Жал Пол Ампуеро, сеизмолог од Универзитетот Азурен брег рекол дека сеизмичките бранови се како музички инструмент, а дека тоновите зависат од големината на инструментот.

Top