Откако не успеале да продадат маици со апстрактен дизајн, браќата Берт и Џон Џејкобс добиле идеја да понудат позитивни пораки на пазарот наспроти секојдневниот наплив на негативни вести. Тие ја испечатиле пораката "Life is Good" (Животот е добар) на маици, а бизнисот тргнал како луд, пренесува "CNNMoney".  Тригодишната продажба на овој слоган им донела еден милион долари, а пред тоа тие биле практично на работ на сиромаштијата, со 78 долари на нивната банкарска сметка.   На ваков потег, браќата Џејкобс се одлучиле кон средината на 90-тите години, а сега заработуваат околу 100 милиони долари годишно и создале познат лајфстајл бренд…
Дали некогаш сте се запрашале како точно изгледа човечкиот мускул, а како мастите кои се складираат во телото? Фитнес инструкторката Отом Калабрис решила да се позанимава со оваа тема и да им укаже на луѓето на огромната разлика помеѓу мускулите и мастите. Иако е познато дека пет килограми мускули е подеднакво тешко како и пет килограми маснотии, постојат извесни разлики кои се покажани токму на оваа фотографија.  Имено, мускулите се многу погусти и заземаат помалку простор во телото додека мастите се повеќе распространети. 5lbs of muscle vs 5lbs of fat. I hear people say the common misconception “muscle weighs more…
Полицијата од Филаделфија бара помош од граѓаните во идентификација на жената која го згрози светот. Снимката на која таа присилува девојче да нападне постаро момче, а потоа и самата го шутира и му се заканува дека ќе го направи неплоден, стана вирална на Фејсбук благодарејќи на жената која го снимила и била сведок на самиот настан. Случајот се случил во паркот Текони во Филаделфија. На снимката се гледа како девојчето го напаѓа момчето, тој со ногата ја оддалечува од себе, а маж ги раздвојува. Жената која стои покрај нив, силно го удира момчето неколку пати во задникот. Момчето бега, а…
Надзорните камери во државата Пернамбуко во Бразил снимиле застрашувачки момент кога таткото го предал детето на својата сопруга, бидејќи сфатил дека ќе биде убиен. Тој прибрано се врти кон сопругата за да и ги шепне последните зборови пред да и го предаде девојчето и да клекне на земја.  46-годишниот адвокат Андре Рибеиро, се паркирал со автомобилот пред една куќа, го заобиколил, ја отворил вратата и го извадил детето од возилото, додека напаѓачот се прикрадувал во близина. Неколку моменти подоцна, маж во бела маица со качкет на глава се појавил во кадарот и го насочил оружјето кон него. Таткото го видел…
Вероника Панарело, Италијанката која кон крајот на ноември 2014. година со кабел го задавила својот 8-годишен син Лорис, судот на Сицилија ја осудил на затворска казна од 30 години поради ова убиство, кое ја згрозило Италија. Кога во судницата било прочитано дека нејзината затворска казна е потврдена, нервозната Панарело почнала да му вика на својот љубовник и свекор, Андреа Стивал: "Ти си виновен. Ќе те убијам со мои раце". Полицајките одвај ја смириле и ја одвлекле.  Панарело го претепала и го давела со кабел својот син Лорис Стивал во семејната куќа во местото Санта Кроче Камерина на Сицилија затоа што…
Медицинска сестра во Јапонија е обвинета за убиство на најмалку 20 пациенти, што ги усмртила со сретство за дезинфекција, што го внесувала во телото на луѓето со помош на интровенска терапија. 30-годишната Јапонка Ајуми Кубоки, што работела во болницата Огучи, во Јокахома, приведена е бидејќи се сомневаат дека го убила 88-годишниот Соза Нишикава, во септември, 2016-та година. Исто така се доведува во прашање и Нобуа Јамакиј, кој што починал два дена подоцна. Соза и Нобуа ја делеле собата на четвртиот спрат во болницата. Откако ја привела полицијата, Кубоки признала дека ги убила двајцата мажи и околу 20 други пациенти, на…
Катарина Заруцки е 19 годишна студентка која се занимава со манекенство од своја 14 година. Таа обожува да патува, а на својот Инстаграм профил споделува совети за здрав живот и мода, каде будно ја следат повеќе од 13.000 следбеници. Пред околу еден месец беше на Бахамите со момчето, а таму воочила морски кучиња со кои веднаш посакала да плива, со оглед на тоа дека тој тренд го имала забележано на Инстаграм неколку пати.  Пливањето со морски кучиња е безопасно за луѓето, пишува на страната Exuma Online, која го нуди тоа искуство како единствена прилика во животот. Катарина не сакала да…
Славниот американски писател Ернест Хемингвеј извршил самоубиство пред 57 години. Тој зел ловечка пушка и решил да го напушти овој свет кога почувствувал дека здравјето му попушта и му оневозможува да живее живот каков што тој посакувал. Хемингвеј добил Пулицерова награда во 1952 година за романот "Старецот и морето", како и Нобелова награда за книжевност во 1954 година. Денешните генерации посебно го паметат по тој роман и по делата "Снеговите на Килиманџаро" и "За кого бијат камбаните", но многумина не знаат дека тој е автор на најкратката приказна на светот.  Приказната вели дека тогаш, уште како млад и неафирмиран писател,…