(0 гласови)
Авионот Х-37Б беше успешно лансиран од Кејп Канаверал со употреба на ракетата Атлас V. Лансирањето беше успешно завршено еден ден подоцна од планираното. Програмата за лансирање беше одложена поради лошите временски услови. Овој авион е попознат како Orbital Test Vehicle (OTV), а неговата задача ќе биде да го испорача сателитот во орбитата и да тестира одредена технологија. За X-37B, тоа е шеста мисија. Авионот нема екипаж и е контролиран со далечински управувач од Земјата. Лансирањето е посветено на оние кои се во првите редови на борбата против пандемијата на коронавирус, како и на оние кои се заразени и се борат…
(0 гласови)
Apple Watch 6 би требало да донесе нови напредни можности кои примарно ќе бидат фокусирани на здравјето на корисникот. Како што пренесува Techradar, новиот паметен часовник на американската компанија ќе поседува сензор кој ќе му овозможи да предвиди панични напади. Аналитичарот Џон Просер за време на подкастот “Geared Up” изјави дека новиот паметен часовник ќе биде фокусиран на „можности поврзани со менталното здравје“ како што се жироскопи кои можат да „почувствуваат“ кога корисниците ќе паднат или едноставно ќе им се слоши. Просер истакна дека Apple Watch 6 би требало да може „да го анализира нивото на кислород во крвта и врз основа на бројот на…
(0 гласови)
Можеби звучи нереално, но треба да нагласиме дека зад овој потфат ќе стои компанија која веќе направи прилично крупни чекори кога станува збор за камерите на паметните телефони. Пред само неколку месеци ги добивме првите уреди со камера со резолуција од 108 мегапиксели и зад новата технологија на камерата стои јужнокорејскиот гигант Samsung. Поради тоа веруваме дека Samsung може да успее во новиот голем потфат – камера со резолуција од неверојатни 600 мегапиксели. Samsung заедно со кинеската компанија “Xiaomi” ги има развиено моментално двата најкористени сензори од 108 мегапиксели, ISOCELL Bright HM1 за Galaxy S20 Ultra и ISOCELL Bright HMX…
(0 гласови)
Фотографијата игра важна улога во животот на секого. Преку нив можеме да го истражуваме светот околу нас и да доживееме моменти од различни перспективи. Исто така, ни помагаат да зачуваме вредни спомени, како и да ги споделиме искуствата со другите. Денес, секој може да навлезе во светот на фотографијата преку сè пософистицираните и интелигентни одлики на камерите на паметните телефони, а тоа е во срцето на филозофијата на P сериите на Huawei. Од оваа недела, тројца нови претставници на оваа серијата може да се најдат на пазарот, имено P40 Pro, P40 lite и P40 lite E. Благодарение на секој од…
(0 гласови)
Microsoft Edge стана вториот најпопуларен веб прелистувач на светот со 7,6% удел на пазарот, со што Mozilla Firefox падна на третото место со 7,2% удел. Не е тешко да се претпостави зошто се случува ова – најпрвин треба да се тргне од фактот што Microsoft Edge е веќе инсталиран на секој компјутер кој работи на оперативниот систем на Windows. Понатаму, базиран е на Chromium, исто како и Google Chrome, па затоа е значително полесен за користење. Како што пренесува Engadget, популарноста на Microsoft Edge исто така порасна затоа што беа исправени бројни недостатоци во однос на Internet Explorer. Google, секако,…
(0 гласови)
Компанијата Google наводно работи на нова функција за својата апликација Play Movies & TV, која на корисниците би им овозможила бесплатно гледање на стотици филмови, но со реклами. Ваквата информација ја пренесоа сајтовите XDA Developers и 9to5 Google кои, како што тврдат, имале увид во дел од кодот за новата верзија на апликацијата Play Movies & TV. Како што пишуваат сајтовите, еден дел од кодот гласи: “Над стотици филмови, со неколку реклами”, а останатите линии во него јасно говореле во прилог на ваквата функција.    Сепак, сè уште не е познато кои филмови би можеле да се најдат во понудата,…
(0 гласови)
Археолошкиот музеј на граѓаните им овозможува виртуелна тура низ изложбата „100 години Требениште“, во период кога оваа установа е затворена за посетители поради опасност од ширењето на коронавирусот. Оваа ексклузивна изложба беше отворена лани од март до август. Изложени беа над 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, меѓу кои и златните маски кои се наоѓаат во музеи во Бугарија, Србија и Македонија. – Виртуелната посета на најексклузивната интернационална изложба на овие простори „100 години Требениште“ е совршена идеја во овие денови кога сите сме во домашна изолација. Уживајте во мистиката и убавината на наодите од оваа позната некропола, објавија…
(0 гласови)
Оригинален и целосно функционален Apple-1 компјутер се најде на аукција и се очекува дека ќе биде продаден за нешто повеќе од 300 илјади долари. Според аукциската куќа RR Auction, овој компјутер е само еден од двата компјутери со процесор за кој се знае дека имаат „преживеано“, за разлика од Apple-1 моделот со MOS 6502 кои ги има повеќе. Synertek C6502 се смета за најредок пример на лиценцирање на 6502 процесорот од 1976-та година. Пронајдениот компјутер е реставриран и доведен во оригинална состојба минатата година, а реставрацијата ја извршил познатиот Apple-1 експерт, Кори Коен. Сопственик на компјутерот е SoftwareHouse, компјутерска продавница…
Top