(0 гласови)
После руската апликација за стареење, сега пристигнува една кинеска, но далеку поопасна. Да се разликува вистината од лагата на интернет станува сè потешко. Кинеската апликаиција ZAO е таканаречена автоматизирана "Deepfake" апликација која од една фотографија прави неверојатно реални видео монтажи. "Deepfake" е измама која стартуваше како интернет шега - на нечие тело може да се „залепи“ лицето на друг човек, па луѓето веднаш ја злоупотребија и лицата на популарните холивудски актерки и актери се најдоа „залепени“ на бројни порно филмови. "Deepfake" сега стана достапен за сите преку апликацијата ZAO која го автоматизира процесот на лажирање на видео снимки до таа…
(0 гласови)
Поради извештаите дека MacBook Pro моделите во 2015 година се запалија поради проблеми со батеријата, одредени авиокомпании почнаа да забрануваат внесување на лаптопи во пријавениот багаж. Наместо тоа, патниците мора да го носат со себе во рачниот багаж. Меѓутоа, се чини дека некои авиокомпании отидоа еден чекор понапред. Во разговори за Bloomberg, австралиската авиокомпанија Qantas потврди дека ќе ги забрани сите 15-инчни модели на MacBook Pro модели. Ова вклучува дури и новокупените 15-инчни MacBook Pro од 2019 година да бидат дел од тој список. Авиокомпанијата истотака забрани употреба на лаптопи во текот на летот, наведувајќи дека тие мора да останат…
(0 гласови)
Изгубен мобилен телефон е еден од најголемите кошмари за многумина. Некои од работите кои ги имаме се многу драгоцени, а една од нив е секако мобилниот телефон.  Не само поради цената која сме платиле за него, туку и поради бројните драгоцени податоци и фотографии кои ги чуваме во него. А неговото губење може да биде вистински кошмар. Во случај ова да ви се случи, ви даваме неколку начини на кои можете да го следите својот Android или IOS телефон. Овие апликации ќе ви кажат каде се наоѓа вашиот телефон во секој момент, и тоа сосема бесплатно. Prey Оваа апликација бесплатно…
(0 гласови)
Иако веќе е достапен YouTube Music сервисот кој што е наменет за слушање на музика, сепак се уште голем број од нас се навикнати да слушаат музика директно на видео сервисот. На популарниот сервис веќе постои опција за автоматско повторување на видеото и тоа е премногу едноставно. Кога станува збор за користењето на YouTube на вашиот компјутер, се што треба да направите е на видеото да кликнете десен клик и потоа да ја селектирата опцијата “Loop”. Откако ќе ја селектирате таа опција, видеото ќе се повторува се додека не ја исклучите опцијата.   Секако, истото можете да го сторите и…
(0 гласови)
Научниците од Универзитетот „Кембриџ“ користеле наномашини – микроскопски мали роботи, за да создадат вештачка кожа што ја менува бојата на светлина, пренесува веб-страницата ЦНЕТ. Материјалот се состои од ситни честички злато обложени со полимерна школка, кои потоа се ставаат во микроскопски капки вода во масло. Кога се изложени на топлина или на светлина, честичките се спојуваат и бојата на кожата се менува. Научниците го моделирале дизајнот на кожата според кожата на животните, како камелеоните и сипите, кои може да ја променат својата боја благодарение на хроматофорите во нивната кожа. Бојата на кожата се одредува според оддалеченоста на честичките. Ако наночестичките…
(0 гласови)
Главниот фокус на кинеската компанија во иднина ќе биде продолжувањето на траењето на батеријата. Наводно новите изданија на топ моделите на паметните телефони на Huawei, поточно моделите Mate 30 и Mate 30 Pro ќе имаат поголема батерија во однос на актуелните Mate 20 и Mate 20 Pro. Поточно, моделот Mate 30 би требало да има за 5%, додека Mate 30 Pro 7% помоќна батерија со капацитет од 4,200 mAh, односно 4,500 mAh. Претходно се шпекулираше дека новите два модели на кинескиот технолошки гигант ќе добијат и поддршка за брзо бежично и обично полнење.   Доколку овие гласини се покажат како…
(0 гласови)
Најголемата социјална мрежа на светот развива темен мод за својата апликација наменета за оперативниот систем Андроид. Блогерката Џејн Манчун Вонг во кодот на апликацијата на Фејсбук открила делови кои што се преуредени за да биде оставена можност за воведување на темна позадина. Ова се однесува само на апликацијата на Фејсбук за оперативниот систем Андроид и засега не е познато дали ќе ја добијат и корисниците на Apple. Лоша вест е тоа што се чини дека темниот мод е во рана фаза од развој, што значи дека ќе треба да почекаме подолг период на претставувањето на „завршниот производ“.   Апликацијата Messenger…
(0 гласови)
Руската вселенска агенција тврди дека пронашла неконвенционален начин да ги „сокрие“ своите сателити, со што тие станале тешко видливи од Земјата. Тајната во новата технологија е во тоа што сателитите ќе бидат обложени со уникатен слој на воздушни меурчиња кои ќе ја разлеваат светлината. Оваа метода најмалку десеткратно ќе ја намали видливоста на руските сателити кога би се надбљудувале од Земјата. Руската вселенска агенција на овој начин ќе се обиде да ги „сокрие“ своите сателити кои што се наоѓаат на 10 до 20 илјади километри над површината на планетата Земја.   Русија инаку е првата земја која што испрати сателит…
Top