(0 гласови)
Новата генерација на iPhone која најверојатно ќе има и 5G поддршка ќе добие дизајн сличен на тој што веќе го познаваме, а се појави пред девет години. Паметните телефони на Apple идната година би можеле да го имаат дизајнот со метална рамка и поостри рабови, односно сличен на моделот iPhone 4 од 2010-та година. Тоа го тврди аналитичарот Минг-Чи Куо чии што информации поврзани со Apple често се покажуваат како точни. За разлика од претходните дизајни, но и дизајните што следуваа од шестата генерација па до денес, iPhone имаше квадратест дизајн. Тој дизајн во тоа време се покажа како проблематичен…
(0 гласови)
Кинескиот гигант во текот на август и септември мораше да му го препушти тронот на Galaxy Note 10+ 5G на Samsung, но тоа траеше прилично кратко. Овојпат, Mate 30 Pro е далеку пред сите модели со 121 бод на врвот на табелата со дури четири бода повеќе од споменатиот конкурент од Samsung и пет бода повеќе од Huawei P30 Pro. DxO Mark во својот заклучок за камерата на Mate 30 Pro напоменува дека станува збор за „нова висина“ на нивната скала која Huawei сега ја подига за конкуренцијата. Според DxO Mark овој модел прави фотографии и видеа со фантастичен квалитет во…
(0 гласови)
Серијата Mi Mix на Xiaomi е позната по тоа што ги поместува границите на тоа што го очекуваме од телефоните - од тенки рабови, преку модели на „лизгање“, па се до екстремно закривени „водопад“ екрани. Овојпат кинеската компанија доаѓа со таканаречен Surround екран кој се протега околу целиот уред - бесконечниот екран го прекинува линија на која се вградени камерите. Така, добивме телефон кој е речиси целосно обложен со екран, а информациите за батерија, мрежа и слично, исто како и типкие за глас се поставени странично.   Mix Alpha ја користи камерата на Samsung од дури 108 мегапиксели која што…
(0 гласови)
Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала внатрешната истрага водена на милиони апликации. Во повеќето случаи, сепак, укинувањето не следувало после сериозни истраги, туку затоа што програмерите на апликациите не успеале да одговорат на барањата за бараните информации. Од март 2018 година, Фејсбук почна да се занимава со апликации кои имаат пристап до податоци на корисниците, откако беше откриено дека компанијата Кембриџ Аналитика на тој начин користела приватни податоци на милиони корисници во обид да влијае врз изборите во САД. По избувнувањето на скандалот, Фејсбук беше изложен…
(0 гласови)
Huawei во Минхен ја претстави својата нова генерација смарт часовници HUAWEI WATCH GT 2, заснована врз неодамна објавениот чипсет Кирин А1. Благодарение на малата потрошувачка на енергија на чипот, паметните часовници од серијата 42 и 46мм WATCH GT 2 ќе имаат непобедлив век на траење на батеријата и на своите сопственици ќе им овозможат уште подобро корисничко искуство што ќе ја промени идејата за тоа што може да направи еден уред за носење. Паметните часовници WATCH GT 2 се првите уреди на Huawei кои имаат „all-in-one“ стаклен 3D екран, кој формира поширок дисплеј. Новите паметни часовници ќе обезбедат повеќе спортски карактеристики…
(0 гласови)
Основачот на Фејсбук веќе подолго време работи на развој на геџет кој би го променил начинот на кој комуницираме. Фејсбук веќе одамна е многу повеќе од социјална мрежа. Денес тоа е и хардверска компанија која продава паметни екрани и очила за виртуелна реалност, а развива и сопствена криптовалута "Libra". Но, се чини дека ниту еден од тие проекти не е важен како "Orion" на кој Фејсбук работи веќе подолго време и кој би можел целосно да го промени начинот на кој комуницираме, пристапуваме и ги споделуваме содржините. Станува збор за очила за проширена реалност коишто компанијата на Закерберг ги развива…
(0 гласови)
Првата страница за онлајн запознавање match.com се појави во 1995-та година, популарниот Tinder беше лансиран во 2012-та година, а постои податок дека денес секој трет брак има започнато преку запознавање на интернет. И Фејсбук од минатата седмица има своја опција за запознавање. Имено, лансирана е нова услуга наречена "Facebook Dating" која беше претставена минатата година на "Facebook F8" конференцијата. Оттогаш беше тестирана во Колумбија, а од неодамна стана достапна во САД и уште 19 земји. Во Европа „љубов преку Фејс“ пристигнува на почетокот на 2020-та година. "Facebook Dating" е опција која всушност ќе создаде нова мрежа во рамките на Фејсбук,…
(0 гласови)
Опасниот софтвер во позадина тајно клика на оглас во рамките на апликацијата и се пријавува без ваше знаење на онлајн сервис кој се плаќа. „Џокер“ опасниот софтвер е наречен по негативецот од серијалот за суперхеројот Бетмен, доега е пронајден кај 24 апликации за Android оперативниот систем на Google кои се до неодамна беа достапни за симнување на Google Play. Пред Google да ги открие и отстрани, апликациите биле превземени и инсталирани повеќе од 472 илјади пати. Додека не се открие дали има уште заразени апликации, тешко е со сигурност да се процени колку уреди се потенцијално загрозени. Но, едно е…
Top