Huawei е една од првите компании која го стави во пракса мобилниот концепт на вештачката интелигенција. Во текот на 2017 и 2018 година, Huawei направи континуирани подобрувања за беспрекорно да ги интегрира своите EMUI, Кирин чипсетови и NPU архитектурата во своите уреди.  Вештачката интелигенција ја подобрува компјутерската способност на паметниот телефон, а најдиректно влијание има во обработката на фотографиите и видеата. На тој начин Huawei им овозможува на потрошувачите магична фотографија.  Новолансираниот HUAWEI P30 Lite исто така е опремен со технологијата на вештачка интелигенција, со Kirin 710, до 128GB складирање, EMUI 9.1 и GPU Turbo што му дава одлични перформанси.…
"Huawei" веќе успеал да испорача милион телефони со сопствениот оперативен систем, кој, барем во Кина, ја носи ознаката "HongMeng". Сепак, како што пренесува Rosenblatt Securities, не е сосема јасно дали станува збор за телефони кои ги напуштиле складиштата, за тест примероци или за уреди кои се всушност подготвени за испорака до корисниците.  Извештајот открива дека софтверот е компатибилен со сите Андроид апликации, како и дека има напредни безбедносни функции, пренесува PC Press. "China Daily" ја пренесува изјавата на Јуа Ченгдонг, CEO на компанијата "Huawei", кој рекол дека оперативниот систем на компанијата ќе биде достапен најрано во текот на есента, а…
Со толку многу слични, но сепак различни во спецификации телефони, тешко е човек да одлучи кој е најдобриот избор при потрагата по нов уред. Затоа, решивме да формираме една кратка листа: Ова се најдобрите телефони кои може да ги купите во 2019 година - барем досега. 1. iPhone XS и XS Max   2. Samsung Galaxy S10 и S10 Plus     3. Google Pixel 3 XL   4. Huawei P30 Pro   5. Sony Xperia 1     6. OnePlus 7 Pro
Ако сте забележале дека во последно време користите помалку Фејсбук од обично, не сте единствени. Дали намалениот ангажман на корисниците придонел за голем број скандали кои се поврзуваат со оваа социјална мрежа или едноставно му „помина времето“, а помладите корисници се завртуваат на другите социјални мрежи како Инстаграм - тешко е да се процени, но статистиката покажува дека луѓето сè помалку го користат. Според податоците на „eMarketer“, просечното време кое корисниците го поминувале на Фејсбук во 2018-та година се намалило за три минути. Минатите години корисниците на оваа социјална мрежа просечно поминувале по 38 минути на ден, а во 2017-та…
Ако на детето сте му купиле компјутер или го подготвувате компјутерот за користење во училиште, или пак, имате лични причини како „случајно“ влегување на Редит или Инстаграм преку работното време, постои решение. Која и да е вашата причина за блокирање на веб-страниците во Google Chrome, процесот е многу едноставен. Сè што треба да направите е да инсталирате „Block Site“. Дополнителната апликација за Chrome, можете да ја инсталирате откако ќе се пријавите на својот Google профил, а потоа симнете ја преку официјалното мени на Chrome. Во горниот десен агол од екранот, треба да видите портокалов штит со симбол „Cancel“. Кликнете на…
Новото издание на паметниот телефон на Apple нема да ја поседува веќе четири години старата функција која овозможува поинаква интеракција со апликациите. Пред четири години, новата технологија 3D Touch кај iPhone 6S понуди нов начин на интеракција со паметниот телефон. Корисниците можеа со апликациите и оперативниот систем да управуваат преку три различни нивоа на чувствителност на притисок. Аналитичарите од британската инвестициска банка Barclays тврдат дека од Apple донеле одлука да се откажат од ваквата функција кај новите изданија на паметниот телефон – новиот iPhone 11, наместо со 3D Touch, ќе пристигне со поевтината Haptic Touch технологија, премиерно претставена кај минатогодишниот…
Компанијата "Facebook" го финализира планот за лансирање на сопствени криптовалути наредната година. Компанијата има намера до првиот квартал на 2020-та година да воспостави систем за дигитално плаќање во десетина земји, а до крајот на оваа година ќе почне со тестирање на своите криптовалути, кои интерно ги нарекува "GlobalCoin".  Се очекува дека Фејсбук на лето подетално ќе ги претстави плановите, а основачот на Фејсбук, Марк Цакерберг веќе за тоа разговарал со гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни.   Двајцата минатиот месец разговарале за можностите и ризиците кои ги носи создавањето на криптовалута, а Facebook исто така од службениците на американското…
"Apple" би можел да има големи проблеми поради ставањето на "Huavei" на црната листа на Америка. Имено, светските пазари за капитал нервозно реагирале по блокирањето на таа компанија.  Акциите на "Apple" вчера паднале по предупредувањето на аналитичарите од HSBC дека поголеми тарифи на кинеската роба ќе ја принудат компанијата да ги крене цените, со сериозни последици за побарувачката на Apple производите.   Аналитичарите од "Morgan Stanley" предупредуваат дека пропаста на преговорите и долгорочно високи царински тарифи би можеле да ја турнат глобалната економија во рецесија. Кинеската влада веќе најавила дека ќе го возврати ударот. Доколку тоа го направи, забраната би…
Top