(0 гласови)
Огромна црна дупка буквално голта ѕвезда со големина на нашето Сонце, а ние првпат имаме можност да видиме како тоа изгледа, благодарение на снимките кои се забележани од страна на телескопот на НАСА за “лов“ на планети. Откако ја видовме првата фотографија од црната дупка, сега можеме да видиме како таа “работи“. Сателитот на вселенската агенција TESS открил детално исчезнување на ѕвезда која е оддалечена 375 милиони светлосни години и која е повлечена од моќната гравитација на супермасивната црна дупка, објавиле научниците од НАСА, а снимката е споделена и на неа се гледа како ѕвездата со големина на нашето Сонце…
(0 гласови)
Компанијата „Руски вселенски системи“, дел од „Роскосмос“ соопшти дека е развиен првиот инфрацрвен радиометар за пронаоѓање на руда од Меѓународната вселенска станица. „Новиот инструмент кој е поставен на Меѓународната вселенска станица ќе помогне да се следи ситуацијата во океаните и да се следат динамичните процеси на бреговите. Исто така, ќе може да се изврши тематско правење на мапи за земјени површини, вклучувајќи геолошки мапи, трагање и идентификација на руда, откривање на можни подрачја со гасни и нафтени полиња“, соопштија од компанијата. Радиометарот ќе овозможи да се надгледуваат техногените и природните стихии, да се откриваат жаришта на пожари, како и да…
(0 гласови)
Со развојот на мобилната технологија и паметните телефони, паралелно се развиваат и мобилните мрежи, па така секоја следна генерација на нови мрежи нуди поголем капацитет и дофат. Секоја нова генерација на мобилни мрежи претставува голем напредок во технологијата и ни овозможува побрз и постабилен интернет сообраќај со повеќе истовремени корисници и испраќање на огромни пакети со податоци. Новите мобилни мрежи од 5G или петта генерација сè уште се тестираат низ целиот свет, а целосната имплементација на инфраструктурата се очекува од 2020-та година. Со 5G мрежата се очекува типичната брзина на симнување податоци од интернет да порасне на 1GBps. Како и…
(0 гласови)
Во сезоната на големи попусти на крајот од годината и од Црниот петок наваму, електронските уреди се особено барани, а меѓу нив сe и т.н. паметни телевизори. Сепак, ваквите телевизори, бидејќи за разлика од обичните овозможуваат поврзаност со интернет, се особено ранливи. На тоа предупредува дури и американското ФБИ. Во новата објава на блогот на преставништвото на ФБИ во Орегон се објаснува дека интернет-врската на телевизорот, иако овозможува пристап до популарни платформи за стриминг, како што е „Нетфликс“, исто така им овозможува на хакерите да влезат во вашиот дом преку незаштитен телевизиски уред, а потоа да дојдат и до вашиот…
(0 гласови)
Кравите на руска фарма веќе добиваат дневна доза на виртуелна реалност која им овозможува да живеат поопуштен и посреќен живот. Кравите на една руска фарма добија специјализиран систем за виртуелна реалност прилагоден на „кравјата анатомија“ кој симулира програма на „поле во текот на летото“. Министерството за агрикултура и прехрана на Русија неодамна спровело истражување и било утврдено дека постои врска помеѓу емотивната состојба на кравите и квалитетот на нивното млеко. Првите тестови со VR кацига наводно покажале подобрување на емотивната состојба на цело стадо на крави. Од руското Министерство соопштија дека тестирањата се вршат на подрачјето на "RosMoloko" фарма во…
(0 гласови)
Фејсбук повторно се најде на удар на критики, овој пат поради апликацијата за брзо препознавање на лицето која компанијата ја тестирала на своите вработени. Според пишувањата на “Business Insider”, апликацијата користи непосредно препознавање на лицето кое ја идентификува личноста штом ќе ја насочите камерата на телефонот кон неа.  Од компанијата наведуваат дека апликацијата настанала уште во 2015 или 2016 година, а нивниот извор наведува дека една верзија од апликацијата е дури во состојба веднаш да го пронајде Фејсбук профилот на личноста кон која сте ја свртеле камерата. Сè што таа личност објавила на оваа социјална мрежа ви е веднаш достапна.…
(0 гласови)
Директорот на Tesla, Илон Маск доживеа пех за време на претставувањето на електричниот пикап Cybertruck откако лесно пукна непробојното стакло на возилото. Шефот на дизајнот во американската компанија, Франц Фон Хозхаусен фрли метална кугла во левиот преден прозор за време на презентацијата на новиот модел на Tesla, а стаклото неочекувано пукна. Поради тоа, акциите на Tesla загубија дел од својата вредност, а Илон Маск во еден ден загуби неверојатни 770 милиони долари, објави „Форбс“. Акциите на Tesla паднале за 6% и сега нивната вредност изнесува 23,6 милијарди долари. Сепак, и покрај овој инцидент, вреди да се истакне дека Tesla добиле…
(0 гласови)
На својата конференција Xiaomi Developers Conference во Пекинг, оваа кинеска компанија ја претставила новата технологија за брзо полнење на батерии на паметни телефони, која до следната година би требало да почне да се вградува во уредите од премиум сегментот. Станува збор, за претходно најавуваната, Super Charge Turbo технологија за брзо полнење од дури 100W, која е претставена преку промотивно видео прикажано на настанот.  Од Xiaomi тврдат дека на Super Charge Turbo полначите ќе им бидат доволни само 17 минути целосно да наполнат батерија на телефон со капацитет од 4.000 mAh. Кинеската компанија уште не објавила официјално кои паметни телефони би…
Top