Што кога забите би можеле сами да се излекуваат? Токму ова е испирацијата за новиот проект на истражувачите од Универзитетот Харвард и Унверзитетот во Нотингем за создавање на пломби кои ќе ги стимулираат матичните клетки. Стоматолозите третираат стотици милиони кариозни заби годишно и откако ќе ги отстранат карозните маси, празнината ја пополнуваат со пломба. Сепак, 10 до 15 проценти од пломбираните заби завршуваат со воспление на пулпата на забот, вели Адам Челиз, истражувач за терапевтски биоматеријали од Универзитетот во Нотингем. Челиз и неговите колеги развиле нов вид на пломби, направени од вештачки биоматеријал кој може да го стимулира растот на матичните клетки во…
Многу музичари упатија жалби поради публиката што ги снима нивните концерти, а компанијата „Епл“ може да го реши тој проблем. Многу обожаватели снимаат речиси цели концерти, што на музичките ѕвезди воопшто не им се допаѓа. „Епл“ патентира метод за онеспособување на камерите на „ајфон“ било тие да се наоѓаат на музичките концерти, во кината или на некои локации на кои е забрането фотографирање и снимање. Се работи за инфраред емитер, кој се поставува на локација каде што е забрането фотографирање и снимање. Тој емитер создава сигнали, кои ги блокираат камерите. Кога „ајфон“ ќе го прими сигналот и ќе ги декодира…
Според податоците на Internet Live Stats во секоја секунда Google обработува импресивни 54 илјади прелистувања, што е околу 90 милијарди месечно или 1,2 трилиони годишно. Сепак не е само Google со толку многу операции. Во секоја секунда, корисниците на Youtube прегледуваат 125.406 видеа, а покрај тоа се праќаат по 2.5 милиони мејлови, од кои дури 67 проценти се спам. Секоја секунда се објавуваат меѓу 6-7.000 твитови, односно околу 350 илјади секоја минута, што пак доведува до бројка од 500 милиони твитови дневно или околу 200 милијарди годишно. Корисниците во текот на една секунда објавуваат 729 фотографии на Instagram, прават 2.177…
Кога е во прашање тестирањето на брзината на интернетот, компанијата Ookla со својот Speedtest.net со години доминираше во овој сегмент. Неодамна, Netflix ја претстави својата опција која е поедноставна, а сега во играта се вклучува и Google кој планира да овозможи тестирање на брзината директно од пребарувачот. Откако пребарувањето на терминот Internet speed test почна редовно да се практикува, Google реши да овозможи опција на корисниците која во резултатите ќе ја прикаже брзината на конекцијата. Сепак оваа опција не се појавува кај сите корисници што значи дека се уште е во тест фаза. Исто така се уште не е дефинитивно…
„Google“ може наскоро да лансира сопствен брендиран „Android“ паметен телефон. Според новите извештаи, „Google“ е во преговори со мобилните оператори за новиот телефон што би можел да биде претставен до крајот на оваа година. Се вели дека „Google“ го прави овој потег за да има поголема контрола на дизајнот, како и за да стави крај на доминацијата на „iPhone“ телефоните на „Apple“. „Новиот уред кој ќе биде претставен до крајот на годината, според изворите, ќе му овозможи на „Google“ да преземе поголема контрола врз дизајнот, производството и софтверот“, се вели во извештајот од „The Telegraph“. „Google“ одби да коментира, па…
Google за да го подобри искуството од користењето на Google Maps и Google Earth пред извесно време најде начин да ги отстрани облаците. Сепак, сега компанијата направи чекор понатаму за да ги направи снимките од површината на земјата уште појасни и уште по остри. Си подобрената верзија на сателитот на НАСА, Landsat 8, Google успеа да сними фотографии со многу повеќе детали и со поавтентични бои. Новиот сателит дневно прави двојно повеќе фотографии во однос на претходникот. Резултатите од новата технологија значат забележително појасни и поостри фотографии на Google Earth. Тоа значи дека некои делови и населби кои претходно беа…
Славче Таневски стои зад дизајнот на најновиот сериски автомобил на „Mercedes-Benz“ - GLC Coupe. „После 4 години работа, конечно е официјално! Мојот прв автомобил во производство. Првиот автомобил кој го дизајнирав кој може да го купите. Му благодарам на одличниот тим кој го овозможи ова и ви благодарам за целата поддршка која ја добив, приватно и професионално“, напишал Славче на својата официјална фан-страница на „Facebook“ неодамна.  Сега ова се реализираше. „Mercedes-Benz“ во Бремен е местото каде што ќе се произведува новото GLC Coupe, чиј дизајн го работел Славче. Моментално, цената во Германија и Велика Британија изнесува 49.444 евра, односно 40.580…
Која била најголемата грешка која ја направила компанијата „Apple“ по смртта на Стив Џобс? Тоа било прашањето поставено од повеќе корисници на „Quora“.  Претприемачот Раџан Бавнани го споделил неговиот одговор. Тој вели дека најголемата грешка на „Apple“ била поставувањето на Тим Кук како извршен директор. „Не ме сфаќајте погрешно - ми се допаѓа и го почитувам Тим. Тој е паметен, успешен, го сакам неговиот став за шифрирањето, листата од добри нешта што може да ги кажам за Тим е долга“, вели Бавнани.  Проблемот е во тоа што тој бил одговорен за работата во улога на главен одговорен за стандардизирањето на процесите,…
Top