(1 Гласај)
И кога апликацијата на Фејсбук ти е целосно изгасена на мобилниот, речиси сите други апликации на мобилниот и веб-страни што ги посетуваш, му вршат пренос на Фејсбук што ти правиш во моментот. Па така Фејсбук знае која апликација си ја вклучил, и на која веб страна си сурфал. Затоа кога ќе отидеш на АлиЕкспрес и ќе побараш некој додаток за шрафилицата, потоа Фејсбук ќе те преплави со реклами од бургии и додатоци за шрафилица. Сета оваа не-Фејсбук активност што Фејсбук ја генерира за подобро да те продаде за реклами од сега е достапна во „Off-Facebook Activity“ на твојот Фејсбук профил.…
(0 гласови)
Станува збор за уред кој можеби нема да го привлече вниманието на помладата популација, но поради одличниот дизајн, едноставната употреба и издржливоста е распродаден во рекорден рок. Со димензии од 3,7 х 2,2 инчи, “The Light Phone II” е само малку поголем од кредитна картичка.  Дизајнот на црно-белиот екран не се разликува во голема мера од останатите мобилни телефони, сè додека не започнете да го користите. Батеријата е еден од неговите главни адути бидејќи со минимално осветлување може да трае и до три дена без полнење. Со 78 грама тежина е многу полесен од останатите телефони. “The Light Phone II”…
(0 гласови)
Доколку сте корисници на Avast или пак AVG антивирусот тогаш немаме баш убави вести за вас. Според информациите на „The Verge“ сајтот, популарниот антивирус софтвер ги следел сите негови корисници што прават. Кога ќе го инсталирате антивирусот, тоа го правите за да го заштитите вашиот компјутер од напади и да ја сочувате вашата приватност, но Avast и AVG не “размислувале“ исто така. Според истражувањата направени од Motherboard и PCMag, Avast кој е сопственик на AVG антивирусниот софтвер, следел што прават неговите корисници и редовно правел записи за тоа. Во тие извештаи запишани се податоци за тоа што корисниците кликале и…
(0 гласови)
Вселената е вечната мистериј за човекот затоа што снимките од вселената масовно се шират и се споделуваат. На интернт се појави снимка во HD резолуција од вселената, а фотографиите кои биле направени тогаш сигурни сме дека никогаш сте немале можност да ги видите.  
(0 гласови)
Компанијата Amazon развива терминали за плаќање во продавниците за малопродажба во кои наместо кредитни картички или други системи за безготовинско плаќање ќе ја читаат дланката на корисникот за време на трансакцијата. Wall Street Journal вели дека технолошкиот гигант веќе го нуди својот систем кој го поврзува отпечатокот на корисникот со неговaта сметка, за плаќање во кафетерии, ресторани за брза храна и други фирми кои имаат постојани клиенти. Amazon, исто така, наводно веќе работи со Visa и преговара со Mastercard за тестирање на својата иновација. Ниту една од наведените компании не одговори на прашањата на новинарите за новиот систем. New York Post…
(0 гласови)
Apple наскоро би можел да понуди нов, подостапен iPhone. Според Bloomberg, добавувачите од компанијата со седиште во Купертино, ќе започнат со составување на подостапен модел на iPhone почнувајќи од февруари. Исто така, според наводите, Apple новиот телефон ќе го претстави во март. Извештаите, гласините и предвидувањата за поевтиниот iPhone модел започнаа да се појавуваат уште од минатата година. Некои од нив потекнуваат од аналитичарот Минг-Чи Ку, кој има добра репутација кога се во прашање предвидувања за состојбата во Apple екосистемот. Ку и Bloomberg претходно истакнаа дека претстојниот достапен iPhone ќе изгледа како iPhone 8 и ќе има 4,7-инчен екран. Ќе се напојува со…
(0 гласови)
Facebook објави дека оваа година планира да отвори илјада нови работни места во Велика Британија. „Засилувањето“, меѓу другото, би требало да вклучи развој на алатки за отстранување на штетните интернет содржини. Новите работни места ќе бидат отворени пред планираното отворање на новата канцеларија во Лондон во 2021 година, а со нив вкупниот број на Facebook работници на островот ќе се зголеми на 4.000. Главниот град на Велика Британија е најголемиот инженерски центар на Facebook надвор од САД. Според извештаите, повеќе од половина од нови работни места ќе бидат фокусирани на технологија, вклучувајќи софтверско инженерство, дизајн на производи и наука за податоци. Новите…
(0 гласови)
На овогодишната конвенција на “CES”, еден од изумите кој привлече големо внимание е “обратната микробранова печка” наречена “Juno” која може да излади пиво, шише вино или лименка газиран пијалак за многу кратко време. Овој специфичен уред е дизајниран од страна на калифорниската компанија “Matrix Industries” чија специјалност е производство на паметни часовници со топлинско напојување.  Ваквиот “изладувач” користи термоелектричен мотор за ладење кој ја струи водата околу пијалакот со голема брзина, со што се намалува неговата температура и истиот е спремен за консумирање штом излезе од “обратната микробранова печка”. Претставен е прототип кој може да излади само еден пијалак, но…
Top