Дали ви е потребна помош околу тоа кого сакате да престанете да следите на Инстаграм? Доколку одговорот е „да“, тогаш ќе добиете помош. Во морето на бизарности на социјалните мрежи, Инстаграм се погрижи за додавање на уште една - ќе им помага на корисниците во одлуката кој профил да престанат да го следат. Најновата опција која ја тестира социјалната мрежа, која моментално се тестира, ќе ни помогне полесно да ги пронајдеме профилите со кои сме најмалку во интеракција. Инстаграм ќе направи категоризација според тоа со кои профили најчесто и најретко комуницираме, ги гледаме и лајкуваме објавите. На тој начин, социјалната…
Како што е случај и со автомобилите, откако ќе го извадиме својот нов телефон од кутијата, неговата вредност започнува да опаѓа. Без оглед дали станува збор за премиум или буџетен модел, тој со текот на времето ја губи својата вредност.  Ова и не е толку страшно доколку планирате да го користите телефонот повеќе години, што е најчест случај со премиум моделите, но доколку сакате да го продадете во блиска иднина – тоа може да биде проблем. Од друга страна, не сите модели на сите произведувачи ја губат својата вредност со исто темпо. Сепак, добро е да знаете што можете да…
Да, очигледно возможно е само да исчезнете од интернет. Без разлика дали сте шпион или пак само обична личност која големо значење ѝ дава на приватноста и безбедноста, можеби некогаш сте помислиле дека ќе дојде денот кога ќе сакате од интернет да ги избришете податоците кои имаат некаква врска со вас. Еден Твитер корисник, објавил многу важна листа за работите кои мора да ги направите доколку сакате да го постигнете тоа. Нема да постигнете да заштитите 100 отсто од важите податоци, туку “само“ 99 отсто. 1. Прво што треба да направите е да ги пронајдете сите мејл профили кои некогаш сте…
Средното копче на маусот сите најчесто го користиме за две работи – за отворање на линкови во нов таб во интернет пребарувачите или за нивно затворање. Но, средното копче може да биде користено за уште многу работи, само голем дел од луѓето не се свесни за тоа.  Испробајте ги следните 7 функции во пребарувачите Chrome и Firefox. 1. Среден клик на стрелката за враќање назад – ја отворате претходната интернет страница во нов таб. 2. Среден клик на стрелката за напред – ја отворате следната страница во нов таб. 3. Среден клик на копчето “Refresh” – отворате “освежена” верзија од страницата на која…
Кога купувате нов телефон, веројатно прво што помислувате е колку е издржлив, дали ќе трае колку што му е гаранцијата, дали ќе биде подобар од претходниот... Ова видео нема да ве остави рамнодушни, особено ако сте голем љубител на епл производите.
Новата генерација на iPhone која најверојатно ќе има и 5G поддршка ќе добие дизајн сличен на тој што веќе го познаваме, а се појави пред девет години. Паметните телефони на Apple идната година би можеле да го имаат дизајнот со метална рамка и поостри рабови, односно сличен на моделот iPhone 4 од 2010-та година. Тоа го тврди аналитичарот Минг-Чи Куо чии што информации поврзани со Apple често се покажуваат како точни. За разлика од претходните дизајни, но и дизајните што следуваа од шестата генерација па до денес, iPhone имаше квадратест дизајн. Тој дизајн во тоа време се покажа како проблематичен…
Кинескиот гигант во текот на август и септември мораше да му го препушти тронот на Galaxy Note 10+ 5G на Samsung, но тоа траеше прилично кратко. Овојпат, Mate 30 Pro е далеку пред сите модели со 121 бод на врвот на табелата со дури четири бода повеќе од споменатиот конкурент од Samsung и пет бода повеќе од Huawei P30 Pro. DxO Mark во својот заклучок за камерата на Mate 30 Pro напоменува дека станува збор за „нова висина“ на нивната скала која Huawei сега ја подига за конкуренцијата. Според DxO Mark овој модел прави фотографии и видеа со фантастичен квалитет во…
Серијата Mi Mix на Xiaomi е позната по тоа што ги поместува границите на тоа што го очекуваме од телефоните - од тенки рабови, преку модели на „лизгање“, па се до екстремно закривени „водопад“ екрани. Овојпат кинеската компанија доаѓа со таканаречен Surround екран кој се протега околу целиот уред - бесконечниот екран го прекинува линија на која се вградени камерите. Така, добивме телефон кој е речиси целосно обложен со екран, а информациите за батерија, мрежа и слично, исто како и типкие за глас се поставени странично.   Mix Alpha ја користи камерата на Samsung од дури 108 мегапиксели која што…
Top