Европската унија гради нови HAARP постројки со 50.000 антени!

Најпознатата HAARP постројка во Америка се наоѓа на Аљаска и според податоците таму се лоцирани 180 антени повисоки од 20 метра. Европската Унија гради нова HAARP постројка во Норвешка, која според сите податоци треба да има од 50.000 до 100.000 антени.

Која е приказната позади изградбата на овие HAARP антени?!

Нивниот изговор е дека ќе се укинува ФМ радиото, бидејќи дигиталниот пренос е многу поефтин за одржување и нуди повеќе можности. Норвешка не само што го “исклучува” ФМ  преносот, туку таа ќе го ослободи ФМ подрачјето за другите намени кои во брзо пристигаат. ФМ спаѓа во VHF (високо фреквенциско) подрачје, а Норвешка е место и локација на европскиот EISCAT, европска VHF верзија на HAARP. Ќе се градат пет различни верзии на антени (тип HAARP), кои ќе работат заедно користејќи VHF појас (појас на многу висока фрекфенција).

Овој систем не само што ќе се користи за манипулација на времето, туку ќе има намена и како мега-радар кој ќе се користи во воени цели и преку кој ќе може да се надгледува цела Европа и Русија.

За да се разбере како овие фрекфенции се преклопуваат, ФМ радиото работи во појас на 100MHz. EISCAT работи во појас на 200MHz. 

Ако мислевте дека HAARP постројките на Аљаска се големи, почекајте додека EISCAT 5 во европа не почне со својата работа. Очигледно овој Европски, VHF HAARP ќе биде како рок бенд. Нема да биде само еден HAARP кој ќе свири на гитарата, туку заеднички ќе се создаваат скаларни бранови со помош на голема енергија. Документацијата за EISCAT може да ја прочитате ТУКА.

loading...