SAMSUNG станува ривал на TESLA

Компанијата „Samsung“ ќе почне со производство на батерии за електрични автомобили и со тоа ќе стане ривал на „Tesla“, гигантот на тоа поле..

Мудрите луѓе во „Samsung“ донесоа мудра одлука, да почнат да произведуваат батерии за автомобили со електрично напојување. Одлуката доаѓа во прав момент, откако Кина најави дека работи на забрана на сите возила со конвенционално гориво, а автомобилскиот гигант „Volkswagen“ најави дека ќе понуди на пазарот електрични верзии од сите свои модели најдоцна до 2030 година.

Претходно оваа недела, на Саемот за автомобили во Франкфурт, Samsung претстави мултифункционални батерии кои можат да им овозможат на автомобилите кои ги користат да возат и до 692 километри со едно полнење.

Чисто за споредба, просечната батерија произведена од „Tesla“ му овозможува на автомобилот кој ја користи да помине до 354 километри со едно полнење. Но, тука во обзир доаѓа и тоа дека батериите на „Tesla“ се на пазарот со години, додека батериите на „Samsung“ не се ни пуштени во продажба, па така веројатно ќе треба време додека компанијата да ја стекне довербата на потрошувачите.

loading...