Google Chrome ќе ги блокира досадните „AUTOPLAY“ видеа

Не знам за вас, меѓутоа овие видеа се едни од најмногу досадните и иритантни работи на интернет. Среќа што веќе одамна прелистувачите ги означуваат овие табови со посебна икона, па лесно може да се прекине звукот.

Сепак, Google почнувајќи од 64та верзија од својот Chrome прелистувач, ќе воведе промени кои ваквите ситуации ќе ги направат минато. Оваа верзија треба да има стане достапна на сите корисници од јануари 2018, па сепак ќе треба да причекаме малку.

Поточно, почнувајќи од оваа верзија, Chrome ќе ја блокира autoplay содржината од веб страните автоматски. Истата ќе може да биде пуштена само во одредени исклучоци кои од Google точно ги истакнуваат:

  • Autoplay содржината го има исклучено звукот
  • Корисникот има кликнато или притиснато некаде на страната
  • Веб страната е додадена на главниот екран на мобилниот уред
  • Доколку корисникот често има пуштано медиа содржина на десктоп верзијата од страната

Слободно може да кажеме дека овие промени ќе го решат проблемот со досадните видеа, а во исто време ќе овозможат нормално функционирање на страните со кои корисникот нема проблем.

Во претходната верзија Google Chrome, како што веќе пишувавме, ќе им овозможи на корисниците блокирање на звукот од одредени страни, дури и по повторно вклучување на прелистувачот.

loading...