Која апликација знае најмногу за вас?

Секој пат кога ќе помислите дека нешто е бесплатно на интернет, размислете уште еднаш – веројатно сте платиле за тоа со вашата приватност. Јавна тајна е дека многу компании заработуваат за живот од личните податоци на корисниците, бидејќи тие им помагаат и при пласирање на реклами и при пласирање содржина.

Некои апликации, особено социјалните мрежи, користат многу лични податоци, додека некои и не толку.

Еве листа направена од аналитичката компанија “Кларио”, со 10 апликации што користат најголем дел од вашите податоци.

  • Facebook – 70% од собраните лични податоци
  • Instagram – 58,82%
  • Tinder – 55,88%
  • Grindr – 52,94%
  • Uber – 52,94%
  • Strava – 41,18%
  • Tesco – 38,24%
  • Spotify – 35,29%
  • MyFitnessPal – 35,29%
  • Jet2 – 35,29%

Ако не сакате апликациите да знаат сè за вас (а ние често им кажуваме повеќе отколку што треба), проверете ги поставките за да видите како можете да ја ограничите количината на обработени лични информации.

Top