Интернет мрежата Starlink на Илон Маск наскоро ќе биде достапна во Европа

Интернет мрежата која се базира на сателити распоредени во орбитата на Земјата, наскоро ќе биде достапна и на Стариот континент.

Илон Маск, првиот човек на компанијата “SpaceX” која раководи со проектот “Starlink”, најави дека ќе испрати неколку илјади покани за користење на мрежата “Starlink”. Овие покани одат на адресите на Американците, но Маск вети дека услугата ќе биде достапна и во Европа на почетокот на идната година.

„Откако ќе ги добиеме дозволите кои се потребни за секоја земја поединечно, почнуваме. Системот за одобрување во целата Европска унија не постои. Последните одобрувања најверојатно ќе започнеме да ги добиваме во февруари или март“, изјави Маск.

 

Канада и Норвешка би требало да бидат меѓу првите земји кои ќе добијат пристап до “Starlink” после САД. Одобрувањето за Индија се очекува кон средината на идната година.

“SpaceX” неодамна „тивко“ ја лансираше бета верзијата на “Starlink”, а станува збор за програмата “Better Than Nothing Beta” кој чини 99 долари месечно. Покрај тоа, опремата чини 499 долари.

 

“SpaceX” моментално во орбитата има повеќе од 800 “Starlink” сателити, но потребни се уште илјада за услугата да биде достапна глобално. Компанијата се надева дека до 2021-ва година ќе ја прошири достапноста и ќе покрие најголем дел од светот.

Top