Еден од најголемите брендови го исфрлува полначот од пакувањето?

Од неофицијални извори пристигнуваат информации дека уште еден гигант би можел да тргне по стапките на компанијата Apple, односно од идната година да ги исфрлат од пакувањето адаптерот за полнење и слушалките.

Како што е веќе познато, Apple неодамна ја претстави новата генерација iPhone 12, а голема прашина во јавноста подигна информацијата дека во кутијата ќе има само телефон и кабел за полнење, односно нема да има полнач и слушалки.

Ваквиот потег Apple го оправда со „грижата за животната средина“, но без оглед на тоа, негативно е прифатен. Ривалите од друга страна ја искористија шансата да се пошегуваат на сметка на Apple, а во првите редови беа Samsung и Xiaomi.

 

Сега, во јужнокорејските медиуми се појавија информации според кои, идната година моделот Galaxy 21 на Samsung исто така ќе пристигне без полнач и слушалки во пакувањето. Други извори пренесуваат дека само слушалките би можеле да бидат исклучени, но поентата е помалку или повеќе иста.

Останува да видиме дали има вистина во ова, како и тоа дали Samsung ќе ја намали цената, нешто што Apple не го направи.

Top