Гугл почна да пронаоѓа песни преку свиркање или пеење на корисникот

Гугл додава нова опција „hum to search“ за мобилните уреди со која може да го регистрира пеењето или свиркањето на корисникот за идентификување на песните.

Опцијата се активира кога корисникот ќе запраша „која е оваа песна?”, по што треба најдобро што може да ја испее или исвирка песната која ака да биде препознаена од Гугл. Потоа, Гугл ги пребарува песните и дава резултати за кои пребарувачот утврдил дека се најблиски до она што го бара корисникот.

Од компанијата истакнуваат дека алгоритамот за машинско учење го трансформира звукот во секвенци, по што го  споредува со другите мелодии и пробува да ја пронајде најсличната. Новата опција е достапна во апликацијата Google и на iOS и на Андроид или со клик на неодамна додаденото копче „search a song“. Апликацијата засега поддржува дваесетина јазици.

Со оваа опција, Гугл оди чекор понапред во обидот да го неутрализира најпопуларниот сервис за пронаоѓање песни „Shazam“ со нивната нова и уникатна услуга за корисниците.

Top