Од него и ФБИ се плаши – ова е најопасниот хакер на светот

Изумот на Морган Калбертсон е толку многу опасен што две компании за информатичка безбедност, објавиле посебни извештаи за него.

25-годишниот Американец Морган Калбертсон, е брилијантен студент и вработен во фирмата „Fire Eye“, е најопасниот светски хакер, тврди Федералното истражно биро (ФБИ).

Истражувачите се убедени дека токму Калбертсон го креирал злогласниот софтвер „Dendroid“ за провалување во оперативниот систем „Android“ за собирање информации од други уреди.

Американското Министерство за правосудство го затворило црниот пазар за хакери.

Инаку, Калберстон работел со елитен тим за ''напредни закани'' кој што ги проучува тактиките за напади, како оние на американските банки, трговски податоци или пак Белата куќа, кога хакерите провалуваат во системите и со месеци крадат информации.

Калбертсон со своите соработници во компанијата која што работел го креирал злогласниот софтвер за „Android“.

Наводно, секој за само 300 долари можел да го купи софтверот „Dendroid“ и преку било која легална „Android“ апликација да провали во туѓ уред.

На купувачите им бил нуден дури и постојан ''кориснички сервис'', а на хакерските форуми „Dendroid“ бил рекламиран преку банери.

Овој изум бил толку многу опасен што некои од фирмите за информатичка безбедност објавиле посебни извештаи за него.

Корисниците на „Android“ биле предупредени дека хакерите можат од далечина и незабележително да крадат фотографии, видеа и аудио-записи од нивните телефони.

Top