Apple отвара прва продавница на вода

Apple има стотици продавници ширум светот кои служат како изложбени, продажни и сервисни центри. Сепак, сега за прв пат ќе биде отворена нова продавница, која ќе биде изградена на вода. Компанијата ги потврди плановите за изградба на продавница во форма на топка во близина на одморалиштето “Marina Bay Sands” во Сингапур.

Продавницата ќе биде лоцирана на местото на „кристалниот павилјон“ каде порано таму се наоѓал ноќен клуб. „Apple“ ќе направи структура од стаклени панели кои ќе го рефлектираат небото над Сингапур во текот на денот, и ќе свети како фенер во текот на ноќта. Врската со копното ќе биде двојна – класичен мост ќе се поврзе со марината, а подводниот тунел ќе води до блискиот шопинг мол.

Ова ќе биде трета продавница на Apple во Сингапур. Првата продавница е отворена во 2017 година, а втората во 2019 година. Можеби е чудно што во момент на пандемија се отвора нова продавница, но компанијата има доволно пари кои може да ги инвестира во екстравагантни проекти.

Top