Колкави се приходите на сопственикот на се популарната TikTok

Технолошката компанија, ByteDance со седиште во Пекинг, сопственик на апликацијата TikTok, оствари околу 40 милијарди јуани (5,64 милијарди долари) приход во првиот квартал, што е за 130 проценти повеќе од истиот период минатата година, што клучен придонес беше поради тоа што луѓето останаа дома за време на коронакризата.

Целните приходи на ByteDance за 2020 година се поставени на околу 200 милијарди јуани. ByteDance сака да достигне половина од приходите на ривалот Tencent Holdings, изјавија информирани извори.

Tencent, водечка кинеска компанија за социјални медиуми и видео игри, објави приход од скоро 377 милијарди јуани во 2019 година.

Апликациите на компанијата ByteDance забележаа голем раст за време на пикот на пандемијата COVID-19, бидејќи поради мерките за ограничување луѓето останаа дома и повеќе ја користеа.

Најголем дел од приходите на ByteDence доаѓаат главно од рекламирање на нејзините апликации во Кина, вклучувајќи ја и апликацијата за собирање новости Jinri Toutiao, како и домашната верзија на TikTok, велат изворите.

Пред ByteDance, на кинескиот рекламен пазар доминираа Alibaba, пребарувачите Baidu и Tencent.

ByteDance неодамна е проценет на 95 до 140 милијарди долари на приватниот пазар на секундарното тргување, соопштија два извори.

Компанијата се обидува да развие и заработи од TikTok, а минатиот месец го назначи Кевин Мајер, поранешен извршен директор на пренос на видео во компанијата Walt Disney, за нов извршен директор на TikTok.

Top