Apple подготвува телефон без портови за полнење

На интернет кружат гласини дека Apple планира целосно да ги исфрли портовите, и дека наскоро би можеле да видиме iPhone без никаков „влез“.

Наводно, ова може да се случи уште следната година.

Ова за прв пат го објави Твитер корисникот @ 9TechEleven, а тој и порано имал „инсајдерски информации“ кои се покажаа како точни.

Аналитичарот Џон Просер од „Front Page Tech“ се согласува со ова гледиште, а тоа ни кажува дека е скоро извесно дека и тоа ќе се случи. Како што вели, најмалку еден модел на iPhone следната година ќе биде без портови, пренесува Ubergizmo.

Ова е особено интересно затоа што многумина мислеа дека Apple од Lightning портот ќе се префрли на USB-C, но овие гласини, доколку испаднат вистински, значат дека овој чекор би можел да биде „прескокнат“.

Точно е дека моделите на iPhone во моментов поддржуваат безжично полнење, но доколку компанијата се одлучи на ваков потег, тоа сигурно би бил голем ризик.

primer 8

Top