Грција отвора своја Силиконска долина!?

Можноста Грција да ја развие својата верзија на „Силиконскатa долина“ стана поверојатна, бидејќи државата ја врати сопственоста над земјиштето од 76 хектари во Солун, каде што е предвиден развој на технолошки парк од четврта генерација, пишува атинскиот весник „Катимерини“.

Станува збор за земјиште покрај брегот од 750 метри во Солунскиот залив, кое некогаш припаѓало на државната радио-телевизија ERT, а во 2013 година е пренесено во државниот фонд за приватизација.

Меѓутоа, пред неколку години, стратегијата за користење на тоа земјиште беше променета и беше решено да се врати на државата, за да може да се предаде на „Александровата зона за иновации“. Тоа претставува административно тело за организација и промоција на иновативната зона „Солун“, која треба да развие технолошки парк во тој грчки град.

Пред новиот инвеститор да започне со изградба, ќе мора да ги заврши потребните студии и да обезбеди финансиски средства до крајот на следната година, во спротивно, земјиштето ќе биде вратено на фондот за приватизација.

Проектот претставува инвестиција вредна 50 милиони евра, а парите се собираат преку приватни забави, заеми и донации. Веќе се потрошени 250 илјади евра за студии и бизнис план, изјави за „Катимерини“ претседателот на „Александровата зона за иновации“, Кириакос Луфакис.

primer 8

Top