Новиот Apple Watch 6 би можел да предвидува панични напади

Apple Watch 6 би требало да донесе нови напредни можности кои примарно ќе бидат фокусирани на здравјето на корисникот.

Како што пренесува Techradar, новиот паметен часовник на американската компанија ќе поседува сензор кој ќе му овозможи да предвиди панични напади. Аналитичарот Џон Просер за време на подкастот “Geared Up” изјави дека новиот паметен часовник ќе биде фокусиран на „можности поврзани со менталното здравје“ како што се жироскопи кои можат да „почувствуваат“ кога корисниците ќе паднат или едноставно ќе им се слоши.

Просер истакна дека Apple Watch 6 би требало да може „да го анализира нивото на кислород во крвта и врз основа на бројот на отчукувања на срцето да открие дали корисникот хипервентилира“.

 

Часовникот ќе може да детектира напад на паника пред тоа да се случи и да го извести корисникот. Ако на пример тоа се случи за време на возење, часовникот ќе го предупреди возачот веднаш да сопре и ќе му испрати инструкции поврзани со дишење.

Новиот паметен часовник на Apple се очекува да пристигне кон крајот на оваа, или евентуално на почетокот на идната година.

primer 8

Top