Дали е ова можно: Камера на мобилен телефон од 600 мегапиксели!

Можеби звучи нереално, но треба да нагласиме дека зад овој потфат ќе стои компанија која веќе направи прилично крупни чекори кога станува збор за камерите на паметните телефони.

Пред само неколку месеци ги добивме првите уреди со камера со резолуција од 108 мегапиксели и зад новата технологија на камерата стои јужнокорејскиот гигант Samsung. Поради тоа веруваме дека Samsung може да успее во новиот голем потфат – камера со резолуција од неверојатни 600 мегапиксели.

Samsung заедно со кинеската компанија “Xiaomi” ги има развиено моментално двата најкористени сензори од 108 мегапиксели, ISOCELL Bright HM1 за Galaxy S20 Ultra и ISOCELL Bright HMX сензорот за Xiaomi Mi Note 10, па понатамошниот развој на камери со уште повисока резолуција не изгледа така нереално.

 

Плановите пред Samsung Sensor Business Team ги откри Џонгин Парк кој додаде дека нашите очи гледаат во резолуција од околу 500 мегапиксели.

Тоа што ќе биде најголем предизвик во развивањето на оваа камера ќе биде инкорпорацијата на така голем сензор и неговата резолуција, а еден од начините е намалување на големината на пикселите. Моментално е на околу 0,8 микрони стандард, но Samsung претстави сензори со големина од 0,7 микрони, што значи дека намалувањето ќе мора да продолжи.

 

Од Samsung не открија никакви временски рамки кога треба да се очекува оваа камера, но со самото тоа што се работи на развој на ваква камера значи дека Јужнокорејците планираат да направат вистинска револуција и да постават нови стандарди кога станува збор за мобилната фотографија.

primer 8

Top