Руските научници направиле патент кој ќе го промени светот! Наскоро ќе добиваме енергија од вселената?

Руските научници предложиле поставување соларни електрани на надморска висина од 300 и 1.000 километри.

Московскиот радио-технички институт при Руската академија на науките, регистрирал патент за системски пренос на енергија од соларна електрана во орбита до планетата Земја, покажуваат податоците на веб страницата на руската Државна служба за интеркултурни иновации.

Според документите, руските научници предложиле поставување на соларна електрана на надморска висина од 300 и 1.000 километри, а во текот на преминувањето на површинскиот рецептор, електричната енергија на Земјата да се пренесува со помош на микробранови.

 

„Преносот на енергија на Земјата од вселената може:

1. Да го осигура преносот на енергија директно на подрачјата на нејзиното потрошување и пред сè на тешко достапните и големи географски подрачја без правење на долги водоводи

2. Ќе се намали употребата на јаглеводородни горива чие производство и согорување штетно влијае на биосферата“ - наведено е во образложението на патентот.

Во документот наведен е и сличен американски патент од 1971-та година во кој е предложено создавање на орбитални соларни електрани.

Тогаш било предложено електраната да се постави во геостационарната орбита, со приближна висина од 36.000 километри што би овозможило да остане над истото подрачје на Земјината површина и да обезбеди пренос на енергија.

primer 8

Top