Airbus го престави авион на иднината: Губење време или нова реалност?

Компанијата "Airbus" претставила модел за кој се верува дека е можеби иднината на дизајнот на патничките авиони.

Моделот "Маверик", е претставен на Сингапурскиот саем за авијација, а со новиот дизајн "Airbus" настојува да ја избегне дологодишната традиција трупот на авионот да биде во облик на цевка. 

Моделот, кој е во почетните фази на развој, одразува како би изгледал дизајнот на едно големо крило, концепт кој во главно се користи кај воените авиони.

"Airbus" го започнал проектот во 2017-та година и почнал со истражувања на мал модел со далечинско управување во 2019-та година.

Иако изгледа како да е од научнофантастичен филм, авионот со дизајн како овој на "Маверик" би можел да стане реалност.

Со оглед на тоа дека авионот ќе биде многу поширок, внатрешноста на леталото ќе биде поинаку организирана, бидејќи ќе има повеќе простор.

"На почетокот многумина го отфрлија проектот Маверик и го нарекоа хоби, или со други зборови, проект од кој Airbus не би научил многу", вели Адриен Берар, лидер на проектот.

"Сепак, моравме да им докажеме дека грешат, покажувајќи дека можеме да пружиме многу солидна основа за идните конфигурации на авионите", додал тој.

Top