Крави на руска фарма добија кациги за виртуелна реалност за да имаат посреќен живот

Кравите на руска фарма веќе добиваат дневна доза на виртуелна реалност која им овозможува да живеат поопуштен и посреќен живот.

Кравите на една руска фарма добија специјализиран систем за виртуелна реалност прилагоден на „кравјата анатомија“ кој симулира програма на „поле во текот на летото“.

Министерството за агрикултура и прехрана на Русија неодамна спровело истражување и било утврдено дека постои врска помеѓу емотивната состојба на кравите и квалитетот на нивното млеко. Првите тестови со VR кацига наводно покажале подобрување на емотивната состојба на цело стадо на крави.

Од руското Министерство соопштија дека тестирањата се вршат на подрачјето на "RosMoloko" фарма во московскиот округ Ременски.

 

„Резултатите од истражувањата спроведени во различни држави од светот покажуваат дека кравите сакаат опуштена атмосфера и дека тоа влијае на квалитетот, па некогаш дури и на квантитетот на произведеното млеко“, стои во извештајот.

Научниците ќе продолжат да го следат квалитетот на млекото и доколку се биде според планот на долготрајното истражување и резултатите бидат позитивни, проектот ќе биде дополнително проширен.

 

Top