Фејсбук тестирал застрашувачка опција: Ја вртат камерата кон вас и откриваат сè

Фејсбук повторно се најде на удар на критики, овој пат поради апликацијата за брзо препознавање на лицето која компанијата ја тестирала на своите вработени.

Според пишувањата на “Business Insider”, апликацијата користи непосредно препознавање на лицето кое ја идентификува личноста штом ќе ја насочите камерата на телефонот кон неа. 

Од компанијата наведуваат дека апликацијата настанала уште во 2015 или 2016 година, а нивниот извор наведува дека една верзија од апликацијата е дури во состојба веднаш да го пронајде Фејсбук профилот на личноста кон која сте ја свртеле камерата. Сè што таа личност објавила на оваа социјална мрежа ви е веднаш достапна.

Фејсбук потврдил дека развил таква апликација, но демантира дека таа е во можност да ги идентификува неговите корисници.

 

“За да научиме нешто повеќе за новите технологии, нашите тимови редовно развиваат апликации кои ги користиме интерно. Оваа апликација беше достапна само за нашите вработени и можеше да ги препознава само нив и нивните пријатели кои ја имаат вклучено опцијата за препознавање на лицето”, ја пренесува нивната изјава “CNET”.  

Претходно овој мeсец, корисниците на Ајфон предупредија на грешка која ја воочиле на мобилната апликација на Фејсбук. Имено, на некои од нив автоматски им се вклучувала камерата кога пристапувале на апликацијата.

Top