Како Илон Маск во еден ден загуби 770 милиони долари!? За се е криво "непробојното" стакло

Директорот на Tesla, Илон Маск доживеа пех за време на претставувањето на електричниот пикап Cybertruck откако лесно пукна непробојното стакло на возилото.

Шефот на дизајнот во американската компанија, Франц Фон Хозхаусен фрли метална кугла во левиот преден прозор за време на презентацијата на новиот модел на Tesla, а стаклото неочекувано пукна.

Поради тоа, акциите на Tesla загубија дел од својата вредност, а Илон Маск во еден ден загуби неверојатни 770 милиони долари, објави „Форбс“. Акциите на Tesla паднале за 6% и сега нивната вредност изнесува 23,6 милијарди долари.

Сепак, и покрај овој инцидент, вреди да се истакне дека Tesla добиле над 150 илјади нарачки за овој футуристички пикап автомобили.

Илон Маск има 48 години и моментално се наоѓа на 41-во место на листата со најбогати луѓе на светот.

Top