Супербрзо полнење од 100W доаѓа следната година

На својата конференција Xiaomi Developers Conference во Пекинг, оваа кинеска компанија ја претставила новата технологија за брзо полнење на батерии на паметни телефони, која до следната година би требало да почне да се вградува во уредите од премиум сегментот.

Станува збор, за претходно најавуваната, Super Charge Turbo технологија за брзо полнење од дури 100W, која е претставена преку промотивно видео прикажано на настанот. 

Од Xiaomi тврдат дека на Super Charge Turbo полначите ќе им бидат доволни само 17 минути целосно да наполнат батерија на телефон со капацитет од 4.000 mAh.

Кинеската компанија уште не објавила официјално кои паметни телефони би можеле да бидат првите кои ќе имаат поддршка за новата технологија за брзо полнење.

Гласините од интернет, меѓутоа, велат дека тоа би можеле да бидат Xiaomi Mi Mix 4, како и моделот Redmi K30.

Top