Најновиот премиум телефон од Huawei - Mate 30 Pro за неколку дена пристигнува и кај нас?

Huawei својот најнов премиум паметен телефон од висока класа - Mate 30 Pro и официјално го претстави во септември, но продажбата на овој телефон сѐ уште нема започнато.

Главната причина за тоа секако е неможноста за добивање на сертификат на Google за користење на Play сервисите, а тоа е поради забраната за соработка на американските компании со Huawei која ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак, ако може да им се верува на новите гласини кои што доаѓаат од Кина, Huawei Mate 30 Pro би требало наскоро да се појави на европскиот пазар.

 

Колку продажбата ќе биде успешна, тешко е да се каже во овој момент, посебно доколку продолжи трговската војна помеѓу САД и Кина, а новиот Huawei Mate 30 Pro на купувачите им биде испорачан без сервисите на Google.

Во последните неколку седмици, американската администрација најави делумно укинување на забраната за соработка со Huawei за одредени американски компании, меѓутоа сѐ уште не е познато дали и Google е на листата со тие компании.

Како и да е, кога ќе се појави на пазарот, „обичниот“ Mate 30 би требало да се продава по цена од 799 евра, моделот Mate 30 Pro по цена од 1099 евра, а 5G верзијата би требало да биде за околу 100 евра поскапа од Pro моделот, што значи 1199 евра.

Top