Погледнете ја разликата во квалитетот на фотографиите направени со професионален фотоапарат и новиот iPhone

Разликата во квалитетот очигледно станува се помала, а во некои случаи ниту напредните фотографи не можат да откријат дали одредена фотографија е направена со iPhone или пак со професионален Canon кој заедно со објективот чини 7,500 долари.

Напредокот на полето на мобилната фотографија во последните неколку години е прилично неверојатен, а фотографиите направени со малите сензори на телефоните на Apple, Samsung, Google, Huawei и останатите производители се фантастичен.

Дел од тој напредок може да се припише на хардверот, но тајната сепак во голема мера лежи во софтверот и напредните техники на процесирање кои што ги подобруваат фотографиите.

Сепак, и покрај големиот напредок, јасно е дека паметните телефони не можат да ги заменат „вистинските“ фотоапарати кои имаат далеку поголема ширина на леќа која може да прими повеќе светлина, напредни сензори и слично.

Но, интересно е да се види која е разликата во квалитетот на фотографиите направени од Canon професионален DSLR фотоапарат од 7,600 долари и новиот iPhone 11 Pro на видеото направено од јутјуберот Мати Хапоја.

Top