Вашиот стар телефон може да биде „темпирана бомба“

Како што паметните телефони стануваат сè поскапи, преку продажба на старите модели корисниците најчесто себеси си го олеснуваат купувањето на новиот модел на некој одреден телефон.

Трговијата со старите уреди може да биде ризична доколку на нив останат некои податоци.

На потрошувачите им е потребна поголема свест за заштитата на нивните податоци. На тоа предупредува Рас Ернст од компанијата „Blannco“, специјализирана за заштита на податоци или чистење на “чувствителни“ податоци кои остануваат на уредите за следниот корисник да не може да има пристап до нив.

„Тоа е темпирана бомба“ - тврди тој кога станува збор за трговија со користени телефони во интервју за порталот „Business Insider“.

„Изненаден сум поради тоа што не се пишува повеќе за тоа. На крајот нечиј уред ќе заврши во погрешни раце“.

 

Користените паметни телефони содржат текстови, електронска пошта, трансакциски сметки и други “чувствителни“ податоци на кои можеби нема да помислиме, како што се податоците за GPS. Според Ернст, фабричкото ресетирање на телефонот е само еден дел од процесот кој содржи три чекори кои треба да се преземат за да се заштитат вашите податоци доколку тргувате со вашите телефони или пак ќе го продавате вашиот уред.

„Секако дека може да се употребат бесплатни алати на отворениот код за испитување на уредите и наоѓање на датотеки кои повеќе не се поврзани со нив“ - рекол Ернст.

Меѓутоа, не се сите паметни телефони исто “чувствителни“, а проблемот се разликува во зависност од произведувачот или оперативниот систем.

Како да го “избришете“ телефонот

Ернст истакнува дека постапката за “бришење“ на вашиот телефон има три чекори:

1. Избришете ги вашите податоци;
2. Утврдете дека вашите податоци се избришани; 
3. Почекајте да добиете извештај за бришењето податоци.  

 

Доколку своите стари телефони ги продавате преку некоја фирма, треба да испитате дали истата го следи овој протокол на бришење податоци. Треба да прашате како може да бидете сигурни дека вашиот стар телефон ќе биде правилно исчистен и дали фирмата потврдува дека на него нема повеќе податоци кои таму останале?

Ернст предвидува дека бројот на луѓето кои сакаат да тргуваат со своите телефони ќе се зголеми кога 5G ќе стане широко прифатен затоа што телефоните ќе бидат поскапи, а луѓето ќе може да ги продаваат своите стари телефони за себеси да можат да си дозволат нов модел.

Тој, меѓутоа исто така забележува дека луѓето им веруваат на помалку познатите продавници “на старо“ бидејќи телефоните сè уште ги одржат нивните лични податоци.

Top