Најновиот „Калашњиков“ го положи тестот: Еве колку куршуми може да испука пред да се запали

На интернет страницата на рускиот производител „Калашњиков“ е објавена видео снимка од тестирањето на автоматската пушка од најнова генерација „АК-12“ на која ѝ се тестира цврстината со пукање без прекин.

За време на тестирањето се пукаше практично без престанување – а лицето кое ја тестираше пушката на „Калашњиков“ забележа дека после 480 испукани куршуми, пушката започнува да чади и да се топи пластиката.

Цевката на пушката се распадна на делови после испукани дури 680 куршуми. Во текот на тестирањата, оваа нова руска пушка ја надминала нормата на Министерството за одбрана за повеќе од три пати. Според резултатите „АК-12“ успеала да ја надмине „АК-74М“ за речиси 100 куршуми. 

Новата пушка „АК-12“, како и „АК-15“ на рускиот производител „Калашњиков“ ќе биде дел од вооружувањето на „војникот на иднината“ наречен „Ратник“.

Top