Камерата на новиот Huawei ќе ја уништи конкуренцијата

Кинескиот гигант во текот на август и септември мораше да му го препушти тронот на Galaxy Note 10+ 5G на Samsung, но тоа траеше прилично кратко.

Овојпат, Mate 30 Pro е далеку пред сите модели со 121 бод на врвот на табелата со дури четири бода повеќе од споменатиот конкурент од Samsung и пет бода повеќе од Huawei P30 Pro.

DxO Mark во својот заклучок за камерата на Mate 30 Pro напоменува дека станува збор за „нова висина“ на нивната скала која Huawei сега ја подига за конкуренцијата. Според DxO Mark овој модел прави фотографии и видеа со фантастичен квалитет во сите услови.

Не пропуштајте: На новиот Huawei Mate 30 можете да ги инсталирате апликациите на Google за неколку минути...

Посебно се пофалени текстурите, боите и редукцијата на шумот, кои DxO Mark ги нарекува неверојатни. Mate 30 Pro исто така ја има и најдобрата камера за зумирање.

 

Што се однесува до снимањето на видеа, DxO Mark ги пофали „исклучителните унапредувања“ кои сепак се недоволни за Mate 30 Pro да се најде на врвот. Исто така, селфи камерата не е најдобра, иако со 93 бода е меѓу најдобро оценетите. Со оглед на тоа што станува збор за прилично важно поле, Huawei и Leica ќе мора дополнително да поработат кај идните модели.

DxO Mark го заклучува текстот со реченицата дека камерата е толку добра што е невозможно да се оцени со ниска оценка.

Сега останува да ги почекаме оценките на DxO Mark за iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max за да видиме кој телефон ја има најдобрата камера на пазарот.

Top