Иднината на телефоните веќе пристигна!? Новиот телефон на Xiaomi практично е целосно...

Серијата Mi Mix на Xiaomi е позната по тоа што ги поместува границите на тоа што го очекуваме од телефоните - од тенки рабови, преку модели на „лизгање“, па се до екстремно закривени „водопад“ екрани.

Овојпат кинеската компанија доаѓа со таканаречен Surround екран кој се протега околу целиот уред - бесконечниот екран го прекинува линија на која се вградени камерите.

Така, добивме телефон кој е речиси целосно обложен со екран, а информациите за батерија, мрежа и слично, исто како и типкие за глас се поставени странично.

 

Mix Alpha ја користи камерата на Samsung од дури 108 мегапиксели која што е развиена во соработка со Xiaomi. Пикселите се комбинирани во 2х2 квадрати поради подобра чувствителност при послабо осветлување, доволно за слики од 27 мегапиксели.

Секако, телефонот нема селфи камера - доволно е да го свртите телефонот и задниот дел од екранот ќе ви служи како огледало.

 

Што се однесува до спецификациите, телефонот работи на Qualcomm Snapdragon 855+, има 5G можност за поврзување, 12 GB RAM и 512 GB интерна меморија, 40 W брзо полнење и батерија со капацитет од 4050 mAh.

 

Mix Alpha е претставен како „концептен паметен телефон“ и засега не е планирано масовно производство. Ретките модели кои што ќе се појават на пазарот, како што пренесува The Verge, ќе се продаваат по цена од околу 2800 долари.

Top