Знаете ли дека некои авио-компании забрануваат користење на MacBook за време на лет?

Поради извештаите дека MacBook Pro моделите во 2015 година се запалија поради проблеми со батеријата, одредени авиокомпании почнаа да забрануваат внесување на лаптопи во пријавениот багаж.

Наместо тоа, патниците мора да го носат со себе во рачниот багаж.

Меѓутоа, се чини дека некои авиокомпании отидоа еден чекор понапред. Во разговори за Bloomberg, австралиската авиокомпанија Qantas потврди дека ќе ги забрани сите 15-инчни модели на MacBook Pro модели.

Ова вклучува дури и новокупените 15-инчни MacBook Pro од 2019 година да бидат дел од тој список.

Авиокомпанијата истотака забрани употреба на лаптопи во текот на летот, наведувајќи дека тие мора да останат исклучени во текот на патувањето.

Иако ова може да изгледа како екстремен потег, некако има смисла. Тоа е затоа што некои извештаи наведуваат дека батеријата на MacBook Pro е запалива дури и додека била неактивна (што значи дека не била целосно исклучена).

Неизвесно е колку долго се очекува оваа забрана да остане на сила, но ако имате 15-инчен MacBook Pro од 2015 година, можеби би требало да ја замените неговата батерија што е можно поскоро.

Top