Еве како најлесно да го најдете својот мобилен телефон ако го изгубите

Изгубен мобилен телефон е еден од најголемите кошмари за многумина.

Некои од работите кои ги имаме се многу драгоцени, а една од нив е секако мобилниот телефон. 

Не само поради цената која сме платиле за него, туку и поради бројните драгоцени податоци и фотографии кои ги чуваме во него.

А неговото губење може да биде вистински кошмар.

Во случај ова да ви се случи, ви даваме неколку начини на кои можете да го следите својот Android или IOS телефон.

Овие апликации ќе ви кажат каде се наоѓа вашиот телефон во секој момент, и тоа сосема бесплатно.

Prey

Оваа апликација бесплатно можете да ја користите на три уреди. Откако ќе се логирате, едноставно синхронизирајте ги своите уреди со апликацијата и опуштете се.

Кога телефонот ќе ви го снема, се што е потребно е да се логирате на својот профил и да почнете да го следите својот телефон.

Prey работи дискретно во позадина и нема да ја следи локацијата на телефонот додека вие не му го кажете тоа, така што нема причина да се грижите за својата приватност.

Апликацијата постои и за "IOS" и "Android" телефони.

 

Avast Antivirus & Security

Станува збор за сериозен играч во полето на безбедност, кој во главно им е познат на сопствениците на компјутери.

Оваа апликација покрај следење на телефонот нуди и заштита од вируси, опции за "backup" и чување на батеријата.

Со неа можете од далеку да го заклучите или да избришете се на телефонот, да го прислушувате и да направите селфи од крадецот.

Исто така, можете да активирате Stealth Mode за никој да не знае дека апликацијата работи во позадина.

 

Lookout

Оваа апликација комбинира заштита, следење и заштита од вируси.

Тука има и неколку интересни опции како што можноста да ја снимате последната локација на телефонот пред да ви смена батерија, да направите "back up" на податоците пред да избришете се на телефонот и му направите селфи на крадецот.

Top