Првиот "Huawei" со сопствен оперативен систем доаѓа до крајот на годината?

Од моментот кога "Huawei" се нашол на црната листа на американската администрација и западнал во проблеми, кога соработката со доставувачите на софтвер и хардвер од САД се во прашање, се почесто доаѓаат информации за тоа дека кинескиот гигант подготвува сопствен оперативен систем.

Во минатиот период, неколку високи службеници на "Huawei" потврдиле дека веќе со години се работи на оперативен систем заснован на "Android", но не било сигурно кога првиот телефон со тој софтвер би можел да се појави на пазарот. 

"Google" накнадно, добил дозвола за продолжување на соработката со "Huawei", но само до средината на август, па од тоа јасно следува дека кинескиот произведувач го подготвува пазарот за моментот кога соработката дефинитивно ќе биде завршена.

"Huawei" така до крајот на оваа година на пазарот би можел да извади нов паметен телефон кој ќе работи со неговиот "Hongmeng" оперативен систем, односно оперативен систем заснован на "Android" кој е развиен во самиот "Huawei", пренесува агенцијата "Reuters".

Тој уред, кој е во фаза на тестирање, според информациите кои доаѓаат од Кина, би требало да припаѓа на некоја од поевтините класи на телефони, веројатно за полесно да го најде својот пат до купувачите.

Од "Huawei" меѓутоа, се уште не се огласуваат официјално по тој повод. Истакнуваат само дека "Android" и натаму им е прв избор, додека "Hongmeng" е означен само како дел од долгорочната стратегија на компанијата.

Top