Колку чини хакирањето на профил на Инстаграм?

Хакер со помош на неколку алатки, аплоадирање на „облак“ и околу 8 илјади денари успеал да пронајде начин за ресетирање на сечија лозинка на профилите на Инстаграм.

Хакерите често се обидуваат да пронајдат нови начини за да заработат со откривање на лични податоци на интернет, но за среќа постојат и хакери кои што работат за да ги предупредуваат големите компании за безбедносните пропусти.

Лаксман Мутијах е професионален „ловец на награди“ – награди кои што компаниите ги нудат за откривање на безбедносни пропусти на нивните платформи. Тој штотуку доби 30 илјади долари од Фејсбук, затоа што откри како да хакира нечиј профил на Инстаграм.

 

Мутијах открил дека може да се измами системот на Инстаграм за испраќање на ПИН кодови кои се користат при ресетирањето на лозинките. Како што самиот опиша, да се откријат трите бројки од ПИН кодот кој од Инстаграм ги испраќаат до корисникот при ресетирањето на лозинката не е никаков проблем.

Но, Инстаграм препознава кога некој пишува „рандом“ бројки, па затоа Мутијах ја искористил ситуацијата на преоптовареност на системот, до која доаѓа кога компјутерите мора да одработат голем број на такви барања истовремено. Со помош на неколку алатки, аплоадирање на „облак“ и за околу 8 илјади денари, тој успеал да најде начин како да ја ресетира сечија лозинка на Инстаграм.

 

Иако 8 илјади денари се можеби преголема цена за хакирање на профил, тоа е сепак ситница ако се цели кон хакирање на профил на некој „инфлуенсер“ со милиони следбеници.

Благодарение на откритието на Мутијах, од Фејсбук (во чија што сопственост е Инстаграм), веќе го поправиле безбедносниот пропуст и ги направиле нашите профили на оваа социјална мрежа побезбедни.

Top